Улични уметници од целиот свет создаваат прекрасни уметнички дела кои успеваат да ги спојат со природата, создавајќи една целина. Дрвата, грмушките и целата околина добива друг изглед во комбинација со уличната уметност. Ние Ви претставуваме 7 примери, каде уличната уметност совршено е вклопена со природата.

1. Разиграни мечки

1

Неодамна, 140Ideas создаде огромен мурал „Bear Favor“ во Софија, Бугарија. Семејството разиграни мечки е сместено на целата површина на ѕидот. А најдобриот дел е што е создадена илузија како едно стебло да излегува токму од ѕидот.

2. Осамен лист

2

Alexey Menschikov е уличен уметник од Русија кој е господар за создавање на едноставни улични илузии со помош на уметноста. На оваа ограда тој направил силуета од дрво без листови, за на врвот, над оградата гордо да стои вистински лист на гранка.

3. Ѕиркач

3

Во знак на почит на неодамна починатиот руски уличен уметник Pasha P183, Ernest Zacharevic, уличен уметник од Литванија го создал ова улично дело „ѕиркач“. Се наоѓа во Bangasar, Kuala Lumpur и претставува човек кој се труди да ја поткрене „завесата“ од зеленилото и да погледне кон улицата.

4. Паднато дрво

4

На еден суптилен, но неверојатно паметен начин, TSF екипажот го создале ова паднато дрво кое совршено се вклопува во околината.

5. Огромна коса

5

Не знаеме кој уличен уметник стои зад ова дело забележано во Fort-de-France, Martinique, но фотографот Kristian Eliz направил добра фотографија од насликаниот човек кој ја чешла сопствена коса. Мора да признаеме дека му треба добар чешел, бидејќи неговата коса е испреплетени гранки од дрво.

6. Насликани листови

6

Иако едноставно по природа, ова улично дело заслужи да се најде на нашата листа. Дело на Рејас, се наоѓа на ѕид во Шпанија, покрај вистински дрвја, а насликаните листови совршено се вклопуваат заедно со силуетата на човекот.

7. Мајката и малите птици

7

WD, уличен уметник со седиште во Атина, Грција го создава ова дело во неговиот роден град. Во испреплетените гранки, тој насликал голема птица која ги храни своите малечки со црв, а зелените гранки совршено се вклопуваат во целата замисла, претставувајќи гнездо за птиците.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКуќата во која ќе живееш утре
Следна објаваМомент пократок од 1 секунда
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР