Младиот хиперпродуктивен уметник-(графити-мајстор), познат под името CHEZ со својата оригинална уметност не останува незабележан како во својата родна Хрватска така и пошироко и на регионалната уметничка сцена. Неговите дела се амбиентално препознатливи каде и да се направени не улиците, на возовите или во некој изложбен простор.

Името на балканскиот Банкси е присутно веќе дваесет години на хрватската сцена. Првите потези со спрејот тој ги направил во својата Славонија. Својот сопствен стил тој го дефинира како свовиден колаж од секојдневните негови импресии кои се се само не досадни.Неговата автентична работа ги краси уличните простори ширум  Хрватска, предизвикувајќи восхит кај минувачите и вљубениците во уметноста. Стилот на уметникот не е класичен стил на изработка на графити на кои сите ни е сме навикнати. Тој користи живи бои и експериментира со типографијата создавајќи волшебство кое ја буди силно имагинацијата кај набљудувачите и минувачите.

Волшебен, примамлив, помалку и психоделичен е вистинската дефиниција на стилсата нарација на CHEZ.

Погледнете ги неговите дела!

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР