„Возрасните никогаш нема да се разберат себеси, а тоа е напорно за децата секогаш и во вечни векови да им ги објаснуваат и најосновните работи…“

е цитат кој навистина допира до секое дете преку искусувањето на „Малиот принц“ од мали нозе. Le Petit Prince оваа година ја доживува својата 70 годишнина, откако премиерно беше објавена во 1943 со потпис на Antoine de Saint-Exupéry, како негов најпознат роман. Преведена на повеќе од 180 јазици и продадена во преку 80 милиони копии, што практично означува дека таа е една од најпродаваните книги дури и повеќе од половина век од своето појавување.

1

Книгата за првпат беше објавена на англиски и француски од страна на американска издавачка куќа, со оригинални илустрации кои исто така се потпишани од самиот автор. Во чест на 70те години постоење и значење, Ви го презентираме овој музеј во Хаконе, во близина на Токио. Вистински мал град каде сите хотели, продавници, ресторани, фонтани, улици – се позајмени од безвременската книга.

2

3

4

5

6

7

9

10

14

15

16

Иако навидум се класифицира како книга за деца, „Малиот принц“ создава низа длабоки и идеалистични поени за животот и човечката природа во суштина. Авторот зборува во прво лице преку малиот принц, дека

„Она што може да го видиме со срцето е вистинско. Она што е од суштинско значење е невидливо за окото.“

Успеавме во будењето љубопитност да ја прочитате повторно?

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОва не е игра | Lorenzo Quinn
Следна објаваКостими за капење од Bershka
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР