Откако се согласивме дека библиотекарските мачки се еден феномен кој од поодамна е присутен во книжевниот свет со првиот дел на Мачки во библиотеките –  во својство на чувари на класиците, фикциите и романсите, мачките се постојани резиденти во библиотеките и умешно се снаоѓаат во сета благородна тишина, шетајќи помеѓу полиците, спиејќи под контролното биро или сосема трета активност, го споделуваме вториот сет на примери.

7

Пеџјес, Valley Center

Маскота во јавната библиотека во Valley, Пејџес од скитник на улицата која достоинствено влегува низ влезната врата на библиотеката станува нејзин заштитен знак. Иако на прв поглед, нејзиниот престој во оваа институција беше доведен до знак прашалник поради тоа што оваа дама сепак потекнува од улица, вработените во библиотеката се сожалуваат и дозволуваат таа да преспива во лобито. Но денес, Пејџес е вистинска актерка – се појавува во медиумите, па дури добива и пошта од фановите! Таа исто така има свое ќоше на официјалниот сајт на библиотеката и е чувар на истата до раните утрински часови.

8

Шедоу, Arkansas School

Библиотеката на Arkansas School за слепи лица го воведува концептот „мачка помеѓу книгите“ уште од раните 90ти и од тогаш, љубителите на книги го вреднуваат чувството на спокој кое го дава предењето на мачката додека читате. Покрај тоа што Шедоу е чувар на книгите, за празниците успева да го одглуми Дедо Мраз и повремено да е маскота на хуманитарни настани кои ги организираат сопствениците на училиштето, со назнаката за помош на слепите лица. Патем, Шедоу знае да разликува обична книга од книга напишана на Брајова азбука.

9

Портер, Anna Porter Public Library

Јавната библиотека Anna Porter со својот миленик Портер К. Библио-мачка е силен кандидат за најдобра мачка во библиотека на сите времиња. Сигурен, лежерен и самоуверен, овој мачор во практика го спроведува правилото на тишина во библиотеката. И е прилично убедлив кога му доаѓа време за мазење.

10

Г-дин Илај, Los Robles Elementary School Library

Вистински господин кој ужива во дружбите со децата во библиотеката на основното училиште во Los Robles. Послушен и толерантен, покрај тоа што два пати неделно е дежурен во библиотека, неговите надлежности се застапени и во канцеларијата на училишната медицинска сестра каде им дава утеха на повредните деца на часовите по физичко.

11

Ема, Lyme Public Library Конетикат

Конетикат е горд што во својата главна библиотека ја има кралицата Ема, вистинска аристократска мачка чие однесување потсетува на дама од Нова Англија. Ема ужива да ја надгледува работата на библиотеката, а повремено ги контролира вработените да не гледаат фудбалски натпревар за време на работното време. Со став на сина крв, таа секогаш стои со високо исправена глава, со поглед сместен некаде над полиците…

 

СПОДЕЛИ
Претходна објава„Состојба на умот“ | Nuno Moreira
Следна објаваЈапонскиот Хари Потер – Halno
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР