Алеф – Пауло Коелјо

763_52_18_11__17__4_2012Alef.jpg,,Потрагата по мирот има своја цена, и се прашувам, колку далеку сум подготвен да одам?”

Магично искуство кое ги отвара вратите за себе-откритие за кое не сте ни биле свесни дека постои – како и многуте книги на Коелјо, така и оваа апсолутно влијае на многу луѓе ширум светот во насока избегнување на целосна животна несреќа и покрај особениот животен успех во сите полиња – кариера, семејство и благосостојба; избегнување на рутинското ропство и иманентната осаменост, подарувајќи им мотивациона филозофија на живеењето на секој кој минува низ овие страници.

Од самата стартна точка, протагонистот на Коелјо одлучува да си го смени животот од корен упатувајќи се кон сибирската железница, поттикнат од сериозна криза на вербата, подарувајќи си себе патување низ Русија со воз, патување за кое отсекогаш сонувал; притоа откривајќи ја магијата на живеењето непосредно пред затворање на овој извонреден роман: „Алеф“ е репрезент на еден маркатен момент во кој времето и просторот кондензираат во сингуларитет, односно, според некои поедноставно објаснет со терминот присуство, каде секој мора да научи да се снаоѓа во истиот тој магичен момент. Алеф го држи клучот до таа врата, до влезот на себе-откритието во моментот. Патот на потрагата по духовна обнова и развој Алеф го искусува со цел да му се доближи на Бога – да почне одново, да патува, да експериментира, да се поврзе со луѓето и светот. Во периодот март-јули 2006 година, тој се движи низ 3 континенти: Европа, Африка и Азија, на гореспоменатото патување низ времето и просторот, преку минатото до иднината, се со единствена цел – да се пронајде себеси. Како што патувањето напредува, тој успева да се избави од сопствената изолација, да ги надмине коефициентите на сопственото его и гордост правејќи си себеси пат кон пријателствата, љубовта, верата; не плашејќи се да се соочи со неизбежните предизвици во животот. Поврзаноста на буквите од неговото име со креативните сили во универзумот повлекуваат доза скептицизам околу креирањето врска со пасионирата вилионистка која „случајно“ ја среќава во возот…

Патувањето никогаш не е прашање на пари, туку на храброст„ – храброста да се осмелиш да се измениш себеси од корен е водечка вокација на ова ремек-дело: „да се живее подразбира да се доживеат работите, а не да се стои настрана во размислување околу смислата на живеењето“, за да би се дошло до неминовна поука дека „животот никогаш не би бил комплетен без допир на лудилото“. Доколку „Алхемичарот“ Ви го измени животот еднаш, тогаш „Алеф“ тоа ќе го направи вторпат. Верувајте му на Коелјо!

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Бакнеж
Следна објаваПариз во акварел | Тиери Дувал
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ