041-438x876Своевидна историска алегорија која дефинитивно остава простор за сочувство со маргинализираноста и инфериорноста на Втората Светска војна, концентираност во себе на неугасиво жариште на бес – бидејќи тоа се случува на едно невино дете, што е субјект на сожалување во приказнава, настрана незнајниот број на жртви на истата неправда. Без двоумење, историскиот период се стационира во од Бога заборавената 1942 година, некаде во границите на Полска.

Бруно е дете на традиционални и воздржани родители чија егзистенција се одвива во срцето на Берлин. Со строго воспитание и аура на студ во нивниот семеен дом, сосема оправдана е таквата состојба согласно изборот на професија на неговиот татко – еден од многуте офицери на Хитлер. Гордо и достоинствено вршејќи си ја својата работа, неговиот татко добива унапредување и премостување на професионалниот аранжман во соседна Полска, каде всушност се премостува и севкупниот семеен живот во една камена градба, меѓу нови соседи, нови вработени и фарма која константно работи недалеку од нивната нова куќа. На речиси 50тина метри оддалеченост, невините детски очи на Бруно забележливо го перцепираат постоењето на фармата, околу која се движат луѓе облечени во пижами. Невиниот детски ум на Бруно го води непосредно до оградата на големата фарма… Таму, иако се чувствува крајно несигурно, добива непозната топлина во срцето кога се стекнува со нов пријател, на негова возраст. Момчето во пижами на риги. По некоја случајност, новиот пријател со име Шмуел има ист датум на раѓање со Бруно, што ја објаснува моментната поврзаност помеѓу двете момчиња чија желба за игра и безгрижност е исто така заедничка. Новото пријателство изградено врз непремостиви разлики, се чини дека својот темел го наоѓа во заедничкиот јазик, заедничката искреност и насмевки, иако Бруно е син на нацистички офицер, а Шмуел е, всушност, дете на заробено еврејско семејство. Фармата, всушност, не е фарма… густата материја која се свива над оџаците на таканаречената фарма не е производвен отпаден материјал… пижамите на риги, всушност, не се пижами… Во висока доза на искреност и емпатија, додека Германчето несебично го дели неговиот оброк со Еврејчето, тоа му ветува дека ќе му подари пижами за да се вклопи од другата страна на оградата, кога конечно ќе влезе да го посети.

Со ефект на детска шокираност и крајна еуфорија на изненадување по стекнувањето ново братче од другата страна на оградата, Бруно инстинктивно знае дека неговиот татко не смее да дознае за неговите излети надвор од куќата. Додека алудирањето на насилство, слепа омраза, нацизам и услови кои не се пожелни дури ни за стока, оваа комбинација на силни карактери и едноставна нарација го прават Бојн моќен автор на уникатен прилог на Холокаустот. Убавината на детската невиност и ново-формираното братско соучесништво во време на војна укажува на фигуративна поента – дека сами сме одговорни за своите дејствија и дека сами одлучуваме во кој момент ќе ја преминеме оградата.

СПОДЕЛИ
Претходна објава[Филм] Шпиони
Следна објаваГенијални трикови за убаво нашмикани усни
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ