Како Мелиса Мекарти му го чува грбот на Џуд Ло?

Spy_IMG1_big

Таа е дел од екипата. Таа е шпион. Сузан Купер (Мелиса Мекарти) е скромна аналитичарка која работи во ЦИА и е херој во сенка на најопасната мисија досега. Но кога нејзиниот партнер (Џуд Ло) ќе исчезне, а другиот таен агент (Џејсон Стејтам) ќе се најде во опасност, таа доброволно се пријавува да се инфилтрира во смртоносниот свет на дилерите на оружје и да ја спречи светската катастрофа.

Spy_IMG2_big

Ви го претставуваме новиот филм на студиото 20th Century Fox, кое ни ја носи комедијата ,,Шпиони’’ на големото платно. Станува збор за филм кој собра вистински мажишта како што се Џејсон Стејтам, Џуд Ло и Фифти Сент (50 Cent), меѓутоа сите тие се засенети од една од најуспешните комичарки денес – Мелиса Мекарти, која глуми таен агент на американската тајна служба.

Spy_IMG3_big

Таа ја игра Сузан Купер, скромна аналитичарка од ЦИА која јуначки се бори од сенка за успех на опасните мисии. Секојдневно работи во подрумот на американската разузнавачка служба ЦИА, а веќе десет години му е помошничка на супер шпионот кој го игра Џуд Ло. Meлиса Мекарти го опишува својот лик: „Сузан отсекогаш била способна, таа е одличен агент и тактичар, но ѝ недостига самодоверба.

Spy_IMG4_big

Меѓутоа, нејзината преданост кон Бредли Фајн, кој го глуми Џуд Ло, од неа ќе го извлече најдоброто.“ Кога Бредли Фајн ќе исчезне, а другиот врвен агент, кој го глуми Џејсон Стејтам, ќе биде разоткриен, Сузан ќе прерасне во последната надеж на ЦИА во спречувањето на најпознатиот светски трговец со оружје да предизвика светска катастрофа.

Покрај одличниот хумор, филмот изобилува и со сериозни акциски сцени и прекрасни локации од неколку европски градови, меѓу кои Рим, Париз и Будимпешта. Освен Мелиса Мекарти и Џуд Ло, во филмот се појавуваат и Роуз Берн, Боби Канавале и Алисон Џени, додека Џејсон Стејтам ја покажува својата урнебесна страна која досега не сме ја виделе.

Премиерното прикажување на „Шпиони’’ пред македонската публика беше на 04.06.2015, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗапознајте ја Мелиса, мачето кое се плази!
Следна објаваМомчето во пижами на риги – Џон Бојн
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ