‘СМРТТА НА МАДАМ ДУПИН’ НА КАТАРИНА САРИЌ – ( Нова е-книгаво издание Македонски Центар ИТИ ПРОДУКЦИЈА (🕰️ 2022).

Преведувач од црногорски јазик: Драгана Евтимова
Едиција: Драмски инверзии (директивна инверзија)
Театарски илустрации: Ивана Кунгуловска
Уредник: Иванка Апостолова Баскар
Издавачи: Македонски центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА, Скопје
Година: 2022
Јазик: Македонски
Број на страни: 69
Тираж: 500
ISBN 978-608-4912-95-8
COBISS.MK-ID 57649413
Покровители: Министерство за култура на Р.С. Македонија
ВИДЕО: Михаило Апостолов
ВИДЕО ЛИНК (дигитална изложба). https://www.youtube.com/watch?v=se-5jOolOBE

ВИДЕО ПРОМО ЛИНК. https://www.youtube.com/watch?v=Vc0K59UdljA

ПЕПЕЛИШТА

Не можам да го издржам дождливото попладне
џез
и секогаш истите флешбекови
осврти
на оние наши возења со автомобил во предвечеријата
додека колената пресвиени
на седиштето склупчена
цигарата во лет ми догорува
закована за твојот профил
на брадата од два-три дена
и долнината над твојата горна усна
едно смешно влакненце од бенката на носот

не поднесувам мастики без вкус
јагоди
и пукање на балони
оние слатки зезања
без воздржување
мазења
бедра на семафорот
во застој
исплазувања
во вратоломност,
додека ја вадам главата низ прозорецот
и ветeрот ми ја бранува косата
во грч останаа врзани.

Дигитална изложба со театарски илустрации на извонредната Ивана Кунгуловска, инспирирани од поезијата на генијалната Femme Terrible Катарина Сариќ – Смртта на мадам Дупин!
https://www.youtube.com/watch?v=se-5jOolOBE&t=2s
Femme Terrible на црногорската современа поезија или генијалната Катарина Сариќ!
2022: ДИРЕКТИВНА ИНВЕРЗИЈА
Проект: Драмски инверзии – Директивна инверзија
Поетска еКнига: Смртта на Мадам Дупин
Авторка: Катарина Сариќ (Црна Гора)
Преведувач: Драгана Евтимова
Театарски илустрации: Ивана Кунгуловска
Уредник/Дигитален куратор: Иванка Апостолова Баскар Продуценти: Македонски центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА Покровители: Министерство за култура на Р.С. Македонија Видео: Михаило Апостолов
(Скопје 2022) 

Со Смртта на мадам Дупин, се роди Жорж Санд.

ЕГЗИСТЕНЦИЈАЛНА
(посветена на Жорж Санд)

Дигитална изложба со театарски илустрации на извонредната Ивана Кунгуловска, инспирирани од поезијата на генијалната Femme Terrible Катарина Сариќ – Смртта на мадам Дупин!
https://www.youtube.com/watch?v=se-5jOolOBE&t=2s
Femme Terrible на црногорската современа поезија или генијалната Катарина Сариќ!
2022: ДИРЕКТИВНА ИНВЕРЗИЈА
Проект: Драмски инверзии – Директивна инверзија
Поетска еКнига: Смртта на Мадам Дупин
Авторка: Катарина Сариќ (Црна Гора)
Преведувач: Драгана Евтимова
Театарски илустрации: Ивана Кунгуловска
Уредник/Дигитален куратор: Иванка Апостолова Баскар Продуценти: Македонски центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА Покровители: Министерство за култура на Р.С. Македонија Видео: Михаило Апостолов
(Скопје 2022) 

Катарина Сариќ ( 1976, Цетиње, Црна Гора), е регионално афирмирана поетеса, есеистка и перформерка. Таа создава општествено ангажирана, феминистичка проза и поезија. Катарина дипломирала на Филозофскиот факултет во Никшиќ, на Катедрите за Филозофија и Јужнословенски јазици и книжевности. Магистрирала на Факултетот за политички науки во Подгорица, на Катедрата за социјални науки и социјална работа. Таа е авторка на повеќе објавени поетски и прозни дела (напишани од 2011 г. до 2021 г.), меѓу кои и Kakofonija (роман); Smrt Madam Dupin (поезија); Globus Hystericus (поезија); Moja Indija, OM journay (патеписен роман); Kamijadaи i Kamiseja (поезија); SvejAdno mi je i ostale dijagnoze socijale (поезија); Akutna ženska sedmica (раскази); Amputirani (роман); Nađa, uspori, zgazićeš pticu! (роман); Caligat in Sole (филозофско фрагментирана трилогија); S one strane svjetlosti (роман). Нејзините дела се преведени на десет светски јазици. Катарина е слободен уметник, таа живее и создава на релација Подгорица, Црна Гора – Белград, Србија.

____________________________________

 

,,Драмски инверзии” е проект 🎥 на Македонакиот Центар ИТИ ПРОДУКЦИЈА во чии рамки беа издадени две нови е-книги. Првата е ,,Мајка Медеја” од италијанскиот драмски автор, социолог и режисер Фабио Толедо, во превод на македонски од страна на Кристина Пешева-Диновска.

Дигиталната изложба на театарските илустрации се инспирирани од книгата на Снежана Давиткова. Уредник и дигитален куратор е Иванка Апостолова Баскар, а видео продуцент е Михајло Апостолов.

„А таа, Медеја, проклетство;
банкетот за мојата свадба е речиси подготвен.
Не може да ме оставиш сам,
сега мораш да ми бидеш придружник.”

🎞️📽️🎬Фабио Толедо

НЕМА КОМЕНТАРИ