Сметан за суперѕвезда на поп-артот, британскиот сликар Дејвид Хокни е еден од највлијателните уметници кои живеат денес. На 9  јули ќе наполни 85 години. Како дете, омиленото место на Дејвид Хокни било седењето на предниот дел на горниот кат од двокатен автобус. Оттаму, тој имал најдобар поглед на градот и неговиот пејзаж.

„Отсекогаш сакав да видам повеќе“, рече уметникот во „Хокни“ во документарниот филм што режисерот Рандал Рајт го сними во 2015 година за него.

Подоцна во животот, Хокни неуморно фотографирал сè околу себе, доловувајќи сцени од секојдневниот живот, скици од пријатели, куќи, минувачи и се што го интересирало.’

Портрет на Дејвид Хокни израборен од Енди Ворхол. (1974)

Веќе со години, Хокни истражува дигитални алатки за неговата уметност. Работи со факс-машини, копири во боја, го користи својот iPhone како книга за скици или слика директно на неговиот iPad.

НЕМА КОМЕНТАРИ