Купивте нов кармин ❤️ Секако дека ќе ви го освежи изгледот и ќе изгледате поубаво и посамоуверено, па дури и ќе ве трансформира од “срамежлива” во мистериозна заводничка. Но, дали го употребивте на правилен начин?!

red-lipstick-08

1. Најпрво нанаесете еден слој на кармин, а дури потоа молив за усни. Откако ќе го нанесете карминот полесно ќе ви биде да видите на кој дел од усните треба да нанесете молив. Тоа ќе ви даде одредена доза на елеганција. Покрај тоа моливот “бледнее” со исто темпо како и карминот , па нема да дојде до несакано создавање на “круг” околу усните.

2. Користете го моливот за дефинирање на вашиот природен облик на усни. Никогаш немојте да формирате “своја” линија на усните. Запаметете: Целта е природен изглед.

3. За да ги ублажите линиите околу усните да не бидат премногу остри нежно поминете со прстот преку вашите усни.

4. Целодневно траење на вашиот кармин. За што подолго да ви трае вашиот кармин, откако ќе го нанесете поминете со папирна марамица, а потоа нанесете малку пудра во прав, а дури потоа нанесете уште еден слој на кармин.

lead-lipstick-1

5. Изберете свој сопствен начин на нанесување на кармин. Тој всушност и не е воопшто битен. Некои жени својот кармин најпрво го нанесуваат од средината на усните, па потоа тргнуваат кон краевите на усните. Начинот е сосема индивидуална работа.lipsticks

6. Водете сметка за ефектот кој сакате да го постигнете. Потемните мат нијанси прават усните да изгледаат потенки, додека посветлите нијанси ги прават усните да изгледаат пополни.

lips

НЕМА КОМЕНТАРИ