Одлука – Николас Спаркс

odluka1Официјалниот веб-сајт на Николас Спаркс не пречекува со следново: „Општо земено, тој тргнува да напише забавен роман, лесен за читање во чија срцевина лежи една оригинална љубовна приказна со потресен крај, која генерира вистински емоции“. На крајот, ова ветување секогаш е исполнето.

Љубовниците се два дела од целото.
Во овој случај, Тој е самовработен и популарен, а Таа е роб на долга врска. Всушност, Таа се преселува во Северна Каролина за да биде поблиску до своето момче, по некоја случајност станува негова сосетка и асистентка. Таа е убедена дека животот функционира во дуо, додека Тој смета дека да се има некој до себе означува ништо повеќе од главоболка. Дури и нивните кучиња се чини дека се во отворен судир, особено кога нејзиното завршува со бременост.

Какви одлуки ќе се донесат?
Секоја приказна е уникатна и секому кому се пренесува поинаку се доживува… најдобрите приказни се оние чиј крај означува изненадување„. Една од главните критики на овој роман е употребата на епилогот и прологот, бидејќи дејствието се премостува единаесет години по суштинската акција, но без особена валидност бидејќи токму прологот е тој што ја одржува драмската тензија. Далекусежните импликации кои ветеринарот Тревис ќе ги предизвика со својата одлука, поткрепени со одлуката на Габриел да продолжи без нејзиното момче ќе придонесат до една фатална случка чија највисока кулминативна точка ја одигрува својата улога во прологот – очекуваните перформанси на привлечност, тенката линија помеѓу љубовта и омразата, градацијата на истата афекција во брак исполнет со топлина и ритам, создавање семејство врз база меусебно разбирање и поддршка што апсолутно вдахнува живот во карактерите да заврши со една сообраќајна трагедија за која Тревис ја сноси целата вина. Трагедија која ја заробува Габи во неизвесна кома.

Сеопфатноста на сите фази на љубовта принудно не носи кон срцепарателното прашање под предизвик на немилата случка: колку далеку би оделе за да ја задржите надежта за љубовта?

„Одлука“ е повеќе од сериозна љубовна приказна. Создадена по концептот на „Страници на нашата љубов“ од истиот автор, вечниот самотник Тревис во моментот кога ја среќава доаѓа до сознание дека „осаменото патување на кое сам чекорел со години некако стигна до својот крај“, но што кога на заедничкото патување му се наговестува истото… трикот на восприемањето на овие речиси 300 страници ги препуштаме на ништо повеќе, ни помалку од Ваша сопствена одлука.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБув – лампа
Следна објаваФото на денот | Фиренца
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ