– Со особено задоволство Ве известуваме дека големиот француски  кинематографер ПЈЕР ЛОМ/ PIERRE LHOMME, лауреат на Златна камера 300 за животно дело на годинешното 38. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, пристигна во Македонија, заедно со својата сопруга Рене.

Тој денеска, по краток престој во Скопје ќе замине во Битола, каде на свеченото отварање на фестивалот ќе му биде врачена наградата.

Иако на возрасни години (1930), легендарниот кинематографер веднаш ја прифати поканата на директорот на фестивалот, Благоја Куновски Доре, да дојде во Македонија и да ја запознае земјата и фестивалот кој ја слави работата на кинематограферите.

Пјер Лом и неговата сопруга Рене пристигнаа во Скопје во раните утрински часови, по краткиот одмор ќе заминат во Битола. Добро расположени и возбудени со нетрпение чекаат да ја запознаат земјата што на Лом му ја додели високата почест за неговат исклучителна кариера.

„Среќен сум што дојдов во Македонија  секогаш е добро кога ќе се посети нова земја“, рече Лом веднаш по пристигнувањето на скопскиот аеродром. Со неговата сопруга се информирале за Македонија на интернет и најмногу сакаат да ја видат Битола.

Пјер Лом е легенда на француската и европската кинематографија,  работел со американскиот режисер Џејмс Ајвори, со кого има снимено четири, многу важни  филмови за неговото творештво.

Во неговата 40-годишна кариера тој ги има снимено некои од ремек делата на француската кинематографија, вклучувајќи го и филмот „Сирано де Бержерак“. Но и еден од најкултните филмови на сценаристот и режисер Жан-Пјер Мелвил, „Армија од сенки“ (1969).

Пјер Лом, како главна ѕвезда на годинашното издание на „Браќа Манаки“ ќе остане во Македонија неколку денови, а во рамки на програмата, публиката на фестивалот ќе има ретка можност да присуствува на разговорот со големиот мајстор на камерата.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕсенска привлечност со women’secret
Следна објаваЕксклузивно | Фотографии од свадбата на Каролина Гочева и Михаил Корубин!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР