Оваа недела (10 септември), Градскиот парк ќе одекне во звуците на македонската музика и солидарноста во рамките на хуманитарниот настан што ќе се одржи во периодот од 13 ч. до 15 ч. на Школка, во организација на „Мрдни со прст“, Меѓународниот сојуз ‒ Скопје, Националниот младински сојуз на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.

Во рамките на двочасовната програма, голем број македонски познати личности, меѓу кои Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Биг Мама, диџеј Гоце Саф, Мартија Станојкоиќ, хип-хоп групата Битрикс, кошаркарската легенда Владо Илиевски, неповторливите Лила Стојановска, Марко Новески и уште многу други, заедно со сите хумани граѓани ќе мрдаат со прст и ќе се обидат барем малку да придонесат за поубаво секојдневие за оние што имаат најголема потреба од тоа.

Целта на хуманитарниот настан е прибирање донации на училиштен прибор, односно тетратки, моливи, пенкала, ранци, книги, секаков вид боички и друг училиштен материјал, неопходен за непречено следење на училишната настава, кои хуманите граѓани ќе можат да ги достават во комбето на „Мрдни со прст“ што ќе биде во функција на собирен пункт на Школка.

Донациите ќе бидат наменети за дечиња од социјално загрозени семејства и од семејства во социјален ризик, кои се соочуваат со недостиг на финансиски средства за набавка на основните образовни материјали, а ќе им бидат дистрибуирани на околу 120 дечиња од 6 основни училишта во Скопје и околината, ученици во ОУ „Сами Фрешери“ во с. Глумово, ОУ „Марко Цепенков“ во Зелениково, ОУ „Ѓорг Кастриоти Скендербеу“ во Арачиново, ПОУ „Златан Сремец“ во Кисела Вода, ОУ „Рајко Жинзифов“ во Драчево, ОУ „Дитурија“ во Сарај и дополнителни три подрачни основни училишта во селата Крушопек, Грчец и Љубин.

Ги покануваме сите родители, грижливи браќа, сестри и дарежливи соученици да се придружат во собирањето прибор што подоцна ќе им го поделиме на оние на кои најмногу им е потребен.

Повеќе информации за иницијативата „Мрдни со прст“ се достапни на: www.mrdnisoprst.mk и на фесјбук-страницата https://www.facebook.com/MrdniSoPrst/

Мрдни со прст! Ти си на потег!

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНов вид на чоколадо – прв пат по 80 години!
Следна објаваСлушалки какви заслужувате!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР