Креативноста преку пишан збор, скица, концепт, цртеж, фотографија, илустрација, анимација, видео…за графички или веб дизајн е условот да може да се аплицира за стипендија на годишниотконкурс со тема #НаТочак на Академијата за дизајн при Семос Едукација.

Сите оние кандидати кои ќе аплицираат на овој конкурс имаат можност да освојат целосна стипендија во вредност од 2.450 евра или делумна стипендија во вредност од 1.000 евра. Вкупниот фонд на стипендии изнесува 6.900 евра, кои ќе бидат доделени на следниот начин:една целосна и една делумнастипендија за програмата Графички дизајн, иедна целосна и една делумнастипендија за програмата Веб дизајн.
Конкурсот за стипендиите, кои важат за учебната 2017/18 година, е отворен за сите кандидати на возраст од 18+, со краен рок за аплицирање на 28.04.2017 година (23:59 ч.). За повеќе информации кандидатите можат да ги постават сите прашања на на официјалната страна на Aкадемијата за дизајн.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗадолжителна комбинација од Weekend Max Mara
Следна објаваMango лансира нова еко-модна линија
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР