Задолжителна комбинација од Weekend Max Mara

Сигурно веќе сте запознаени со соработките на Magnetik Group со модните блогерки. Немојте да се грижите овој тренд продолжувa. Емилија, Missurbanvibe го претстави повторно нејзиниот омилен бренд за оваа сезона Weekend Max Mara. Нејзините must have парчиња за оваа сезона се впечатливи и удобни.

Овој пат се реши за риги, морнарски принт, тегет,црвени нијанси и парка јакна. Знаеме дека алово црвената боја е задолжителна оваа сезона. Веќе е прогласена како тренди боја за пролет, а веќе знаеме дека совршено се комбинира со тегет боја, а посмелите дами можат да ја комбинираат и со небесна сина.

„Морнарскиот принт или облеката со пруги секогаш ме асоцира на одмор, време кога го добиваме најдоброто за себе си: забава, среќа, радост и добро расположение. Затоа секогаш се одлучувам за парчиња на облека со овој принт, кои додека ги носам ме прават енергична, самоуврена и неодолива.
И без разлика на сезоната и приликата, овој принт е вонвременски”.

Комбинациите и нијансите на црвена боја со сина и тегет кои ги одбра Емилија ќе бидат тренд оваа сезона и како што веќе знаеме- морнарскиот принт и ригите се она кое можете да го забележите по улиците на сите светски модни метрополи.

Како што знаеме и ние лично искусивме на фотосесијата пролетта секогаш изненадува. Март отсекогаш важел за еден од најнепредвидливите месеци па, најчесто и не можеме да решиме што да облечеме наутро. Многу често се случува да се наоблечеме заради утринската свежина и потоа да ни е премногу топло. Обратната ситуација се случува кога храбро се решаваме да одиме на работа само со џемпер, па потоа се укажува дека таа одлука не била најдобрата. Затоа Емилија реши да понесе подолг кардиган и парка јакна.

Парките оваа сезона повторно се парчето кое морате да го имате. Она што е специфично за парката од Weekend Max Mara е тоа што можете да ја носите од двете страни. Дефинитивно е парче кое морате да го поседувате во гардероберот.

Ние сакаме да ви ги доближиме светските трендови преку тренди парчиња фотографирани со Емилија на атрактивни скопски локации.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодниот бренд A’marie со разиграни пролетни модели!
Следна објаваКонкурс за стипендии на Академијата за дизајн | 6.900 евра стипендии за најкреативните
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ