Минатата година MANGO го лансираше проектот Take Action кој вклучува низа активности насочени кон креирањето на бизнис модел врз основа на самоодржливи критериуми и поеколошки процеси. Компанијата моментално развива план кој ќе вклучува идни иницијативи во оваа сфера. Една од нив е MANGO Committed, женска и машка колекција чии парчиња се произведени од одржливи еко-материјали. Токму оваа капсулна колекција ја претставува кампањата за март, а во неа се вклучени моделите Ракел Цимерман и Матијас Лоридсен фотографирани од Џош Олинс. Локацијата која е одбрана за сликање на кампањата е ремек-делото на органска архитектура – MaisonGudet  од Анти Ловаг, место каде што дизајнот и природата се спојуваат во едно.

Линијата содржи 25 женски парчиња во минималистички стил, иновативни форми и различни волумени. Материјалите кои се користат во колекцијата се еко-пријателски: органски и рециклиран памук, рециклиран полиестер и Tencel ® и истите се обоени во еколошки бои во неутрални нијанси. Сите парчиња имаат интернационални сертификати кои го гарантираат потеклото на одржливо производство од фабриките во Португалија, Мароко и Турција.

MANGO ги адаптира секојдневните активности на поеколошки начин и се стреми кон самоодржливо развивање во сите области во кои делува, па оттаму во последните години се креираше иницијатива која прерасна во проектот Take Action. Моментално 44% од останатите колекции на брендот вклучуваат природни влакна, а компанијата креираше и интерна алатка која ќе ја калкулира водата која се користи во процесот на производство на парчињата и инсталацијата, со цел да ја намали потрошувачката на вода.

MANGO Committed капсулната линија ќе биде достапна во продавниците во ГТЦ и Скопје Сити Мол во текот на месец март.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКонкурс за стипендии на Академијата за дизајн | 6.900 евра стипендии за најкреативните
Следна објаваОвој викенд детски претстави во МОБ
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ