Оваа зима сопствениот дом претворете го во теретана!

Оваа зима сопствениот дом претворете го во теретана!

Ако порано сте вежбале дома, тогаш сигурно знаете дека вашата дневна соба е подобра опција од машините полни со вируси, бактерии и загаден воздух одејки до теретаната. Во продолжение ви предагаме 9 причини зошто вашиот дом е подобра опција од теретаната…

1. Никогаш не мора да се соочите со студот 

Во вашиот дом е топло и пријатно – “теретаната ‘ е на два метри пред вас.

2. Програмот во теретаната не мора да го диктира вашиот ден

Теретаната има стриктно време – дури во 17 часот почнува аеробикот? Затоа дома инструкторот од програмот за вежбање вика на цел глас “Let’s GOOOO!”

3. Не ви е важно како изгледате

Тренерки во точки и маица во цветчиња? не сте исчешлани? зар е тоа важно? Не.

4. Сите вируси околу вас се ваши

Како што е сега сезона на грип, не мора да се грижите за ликот кој се поти и трчи на лентата до вас. Наместо тоа, се капете во сопствената пот и се спремате после добро да исчистите.

5. Резулатите и храната се во просторијата до вас

Нема ништо полошо, отколку да морате да чекате саат време по тренинг на конкретен оброк, кој ќе ви ја врати силата и ќе ве опорави. За среќа, кујната е на два чекори…

6. Може да ги правите сите чудни фаци и звуци околу вас

Се грижите за звуците кои ги испуштате додека правите склекови? Без гајле, можете да викате колку сакате, ако така ви е полесно.

7. Станувате од кревет и право на вежбање 

Нема подобра работа, буквално да станете од кревет и почнете со тренинг, пред утринското кафе да замириса.

8. Вашиот личен тренер и YouTube каналот ќе ви станат вашите нови пријатели

Кога ќе ви каже тренерот дека морате “диши длабоко” тоа и ќе го направите! Тренерите секогаш знаат што да кажат и како да ве потикнат и охрабрат.

9. Кога сте готови, можете да се фрлите на под и викате колку сакате

Било да се работи за половина час или еден час тренинг, кога ќе завршите, можете да си легнете на под и да бидете гласни колку сакате, па нели дома сте!

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМаски за спиење со очи од култните светски познати портрети!
Следна објаваМодерни и функционални италијански кујни достапни во Македонија преку Култ Дизајн
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР