1По инспиративните примери кои ви ги прикажавме во првиот дел, ви претставуваме уште повеќе креативни идеи за внесување на празничната идила во домот. Во ентериерот, дневниот престој и трпезата претставуваат средиште на случувањата, па се најпригодните места за поставување на декоративните детали и украси, претворајќи ги во комфорен и пријатен простор за споделување на убавите мигови со најблиските. Без оглед на тоа дали ќе се одлучите за топол празничен камин, чорапчиња за подароци, интересно накитена новогодишна елка, шарени сијалички и свеќи или креативни пораки на еден од ѕидовите, ќе создадете пријатна атмосфера подготвена за пречекување на гостите. Истовремено, не заборавајте ниту на интимните простории, како што е спалната соба, но и на екстериерот од вашиот дом, како градината, балконот и влезната врата. Пронајдете ја омилената идеја и вдахнете прекрасна празнична нота во секое катче од животниот простор.

2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25

СПОДЕЛИ
Претходна објаваH&M со модели за стилски дочек на новата година!
Следна објаваМурал со моќна еколошка порака
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ