Оваа куќичка се наоѓа во Корнвол, Велика Британија и е изградена во далечната 1680 година. Изградена е во стил типичен за ова поднебје. Однадвор изгледа мала, но внатре има доволно простор за живеење. Куќата е со спуштени тавани, мали прозорци и цврсти, камени ѕидови и иако не би била прв избор за живеење, навистина е интересно уредена. Ентериерот е спој на модерни и ретро елементи. Во дневната соба има прекрасен камин кој дава топол амбиент. Спалната е уредена во стар стил, додека во детската соба преовладува модерен стил на мебел. Кујната е пространа, со прекрасна трпезарија. Погледнете го остатокот во продолжение.