Магични трикови на најпознатите шминкери на светот!

За сјајна кожа…

Размислите за редоследот на нанесувањето на производите.  Нанесете светликав прајмер преку течната пудра за посјаен финиш.

mac-1

За мега трепки…

Не ја нанесувате маскарата било како – надградете ги трепките. Користете го врвот на четкичката на маскарата, за полесно да ги кренете трепките кон надворешниот агол на окото. Задржете ја четкичката неколку секунди, за да  создадете ефект, како вештачки треки.

За прикривање на белези…

Доколку имате белег кој се гледа или темна флека на лицето, користете производ кој е нешто посветол од вашата нијанска на кожа. Тоа ќе го пополни белегот и ќе се изедначи со останатиот дел од кожата.

1-37 (1)

За долготраен кармин…

Не го нанесувајте директно. Користете четкичка за усни и тапкајте го карминот – потоа стиснете ги усните заедно, со прстот тапкајате нанесувајќи уште боја, се додека не го добиете саканиот ефект.

За посветла база на сенките…

Заборавете на базите за сенки. Светлиот молив, нека биде вашата нова база за очите. Нанесете го директно на капакот и лесно размачкајте го со прстите. На тој начин, ќе добиете многу посветла и радијантна база на очите.

За природна боја на образите….

Прво нанесете го руменилото на средина на образите, а потоа блендирајте го, кон јаболчниците – и треба да бидете насмејани додека ова го правите. Резултат? Руменило кое не изгледа како руменило.

10-6

За инстант освежување….

Секогаш имајте со себе, сунѓер за шминкање. Натопете го во тоникот за лице или во некоја вода за убавина и нежно притиснете преку кожата за да ја освежите шминката и создадете нежен, сјаен изглед.

chanel

За подобра апликација на вештачки трепки…

Со ножички исечете ги вештачките трепки на половина. На тој начин, полесно ќе ги ставите и намалите шансите за грешка. Тие полесно ќе легнат на окото, и ќе изгледаат како да се природни.

За ретуширана кожа….

Трикот е во четката! Пред да ставите пудра, земете ја вашата чиста четка и брзо вртете ја на раката како да ја греете. На тој начин полесно и подеднакво ќе ја размачкате пудрата на лицето и ќе добиете ретуширан ефект.

За најдобри веѓи….

Зачешлајте ги надоле, пополнете ги и повторно вратете ги зачешлани назад. Така ќе го видите вашиот природен облик и ќе добиете полни веѓи, кои не изгледаат нацртани.

gel

За балзамот за усни….

Вашиот омилен балзам за усни ќе ја направи целата магија. Нанесете го на врвот на  носот и коската под веѓите, така да кожата ќе стане сјајна и младешка. Сакате сјајни капаци? Тогаш знаете што треба да правите?!

7-17

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМагични шуми | фотографија
Следна објаваПронајден вториот најголем дијамант во светот
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ