3

Новата колекција за козметика на Армани е во духот на празничните денови. Инспирирана е од филмските диви и холивудскиот гламур од 30-те и 40-те години на минатиот век. Претставени се нови палети на сенки, како и нови нијанси на на култната сенка “Eye Tint” и мат „лакот” за усни “Lip Maestro”. Новата палета “Luxe is more” е луксузна кутија која содржи 10 блескави, мат и бисерни сенки за очи со совршено складна комбинација на бои. „Лакот” за усни кој е попрефинета верзија на карминот Армани, овојпат доаѓа во три нијанси: Boudoir, Pearly Nude и Ruby Nude. Армани е секогаш вистински избор за софистициран и префинет изглед, со гламурозна нота. Совршено за претстојните празници.

1

 

4

5

6

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР