cc3dc702bde8d10478e5e10a38fdc8d6_L

ОВЕН

Работа – Умеете да ја процените моменталната ситуацијата и сигурни сте во своето знаење и способности. Сепак, снаодливоста во настапот пред соработниците, носи само краткорочни ефекти. Важно е, вашата пракса и искуство, да ги употребите за правилно да ги заштитите важите деловни интереси. Учете од минатите грешки. Само со трпение и упорност, можете да ја постигнете целта, а правите вредности кога тогаш, ќе дојдат на виделина.

Љубов – Односот со партенрот се базира на взаемно почитување. Но прашање е дали тоа е она правото и може ли тоа да ги смири вашите врели страсти. Сепак и со овој партнер ви е добро.

Здравје – Возможни се стомачни проблеми од психосоматска природа.

БИК

Работа – Ненадејни промени во  работната средина, ќе влијаат на вашиот секојдневен ритам. Но и покрај тоа делувате енергично, не отстапувате од зацртаната цел и успешно ги пронаоѓате ефикасните решенија. Од тие астролошки знакови сте, кои никогаш не отстапуваат, ниту ја губат довербата во себе, кога ќе се појават  проблеми. Од вас, оваа недела се очекува да истраете и да бидете упорни.

Љубов – Се однесувате така – како срцето ве води. Спремни сте да почекате, другата страна да се вразуми. Во овој период ќе бидете во ситуација да повлечете одлучувачки потези.

Здравје – Вие успешно владеете со себе и со другите, така да совети не ви се потребни. Но тоа не важи и за здравјето, консултирајте се со специјалист.

БЛИЗНАЦИ
Работа – Се обидувате да ги промените поставените правила во деловната средина, но забележувате негодување поради тоа. Средината не е заинтересирана да ги подржи вашите современи идеи за начинот на работењето, а еден од колегите, претставува главна пречка. Сепак немојте да дозволите тоа да влијае на вашето размислување и креативност.

Љубов – Ќе бидете во ситуација да ги решавате брачните проблеми. Сами не можете да излезете на крај со партнерот, така да ќе ви биде потребен совет. Самотијата понекогаш е вистинска работа.

Здравје – Колку побрзо го зајакнете имунитетот, толку подобро, затоа што во наредните денови ве очекуваат проблеми со органите за дишење, бронхитис или вирусна инфекција.

РАК

Работа – Чувствувате креативна инспирација и потреба да го проширите видикот со учење. Различни ситуации ќе ви делуваат со поттик, но најважно е што професионалниот стил и критериумот со високи вредности, го прилагодувате со заедничките интереси. Исклучителен деловен ефект ќе постигнете кога ќе бидете во хармонија со вашата добра воља и создавачка енергија.

Љубов – Односите со партнерот веќе подолго време се конфузни а во текот на оваа недела ќе се појават изненадни проблеми, кои додатно ќе ја комплицираат ситуацијата. Ќе бидете нерасполеожени и спремни за кавга.

Здравје – Поголемите проблеми кај вас доваѓаат од претерување со храна и пијалок. Смалете ги слатките.

ЛАВ

Работа – Бидете достоинствени и без многу прашања, прифатете ги критиките кои не ви се бендисуваат. Не можете да правите компромиси, кои не се во склад со вашите морални начела. Доцна е да го корегирате пропуштеното или да ја менувате поставента стратегија. Креативната енергија усмерете ја кон корисен правец и трпеливо, почекајте ги приликите кои повеќе ќе ви одговараат.

Љубов – Се наоѓате пред големо емотивно расчистување, од кое без причина се плашите. Залечете ги старите рани за да ви се појави нова љубов.

Здравје – Помали проблеми со грлото и настинка

ДЕВИЦА

Работа – Во новоснастанатата и необична ситуација на работа, потрудете се да делувате смирено. Бидете настрана од тензичната енергија и состојба на резигнација помеѓу колегите. Понекогаш постојат проблеми кои бараат период на креативна инкубација, пред да се кристализира позитивното решение.

Љубов – Во наредните денови љубовта ќе биде под прашање, бидејќи некој на вашата сакана личност ќе се обиде со трачеви да и ја помати среќата. Останете на страна, бидејќи не можете да влијаете на случувањата.

Здравје – Болките во нозтете се резултат на долго стоење и проширени вени. Некои девици ќе имаат и мали проблеми со срцето.

ВАГА

Работа – Ќе имате понуда за партнерска соработка, ве привлекува идејата за нови професионални можности, разни повластувања и друштвен престиж. Вашите идеи се совпаѓаат со заедничките интереси, поради што соработниците, ќе ви ја дадат водечката улога. Во оваа недела многу успешно ќе завршите неолку деловни договори.

Љубов – На се гледате со голема доза на идеализам, па и на врската во која моментално се наоѓате. Доколку партнерот не е принцот од сказната – тогаш сменете ја сказната или принцот.

Здравје – Проблеми со хормоните, штитната жлезда и зголемен шеќер во крвта.

ШКОРПИЈА

Работа – Се наоѓате во силна психо – физичка форма, имате амбициозни планови и со одредена мудрост и добро смислени потези, лесно можете да ги исполните деловните намери. Правилната проценка на деловните прилики и добра организација на рботата, ви носат нов успех. Самоконтролата, е вашиот главен адут во овој период.

Здравје – Растргнати сте помеѓу вашите принципи и тоа што другите го очекуваат од вас, заради што нервниот систем ви е во опасност.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Делувате многу енергично во ситуациите кога ги браните вашите деловни цели и интереси, но немате доволно концентрација да се поветите на детална анализа на случувањата. Важно е рационално, да ја користите својата енергија и време. Непотребните расправии и задржување на непотребни детали. можат само да ве одалечат од главната цел.

Љубов – Во наредните денови ќе ја зајакнете врската со саканата личност. Слободните претставници на овој знак, ќе запознаат интересна личност и ќе влезат во нова врска. Доколку сте во брак, обидете се што помалку да влегувата во расправии со партенерот.

Здравје – Главоболка о проблеми со синусите.

ЈАРЕЦ

Работа – Во последно време како да имате чувство на неизвеснот во проценката на случувањата на работа. Но потребно е активно да учествувате во различните деловни преговори. Не криете дека имате големи очекувања кога е во прашање работата, но забележувате дека колегите многу често го менуваат мислењето како и ставовите. Потпрете се на својот практичен дух и способност на аналитичко расудување.

Љубов – На партнерот не можете да се пожалите. Таков е каков е, а доколку не е подобар, самите сте криви, бидејќи ако повеќе барате, повеќе и ќе добиете.

Здравје – Имате чувство дека времето залудно ви минува, затоа сте огорчени и нерасполеожени.

ВОДОЛИЈА

Работа – Многу ви е важно да бидете забележени во деловниот свет, па смислено правите разни стратегии. Но се има своја цена, или разумна граница до каде ви е дозволено да импровизирате, со своите оригинални идеи. Обидете се внимателно да ги анализирате своите колеги и да го прифатите добриот совет.

Љубов – Партнерот забележа дека играте двојна игра, толку многу ви е лут, што се спрема за реванш. Обидете се да го разоружате со нежност, но многу поважно е да бидете посериозни, доколку сакате да ја задржите врската.

Здравје – Внимавајте на исхраната. Време е да се определите за некоја диета.

РИБИ

Работа – Благодарејќи на вашата вештина на преговори и прилагодување, ќе успеете да се вклопите во новите деловни договори. Имате добро претчувство кога е време за акција, а интуицијата ви помага да донесете исправни одлуки. Наредните денови, ќе ви се пружи прилика за стручно усовршување, можеби во странство.

Љубов – Мечтаете за богат, згоден и паметен партнер. Се прашувате ли некогаш, дали вие ги имате овие атрибути. Додека мудрувате барајќи ја идеалната комбинација – времето поминува, а после е доцна.

Здравје – Проблеми со грлото, висока температура.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЧудесни места во светот
Следна објаваKолекција „Дома“ на Ирина Тошева
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ