modern-garden-geometric-stone-path

Вашиот дизајн на градината во дворот, е совршен пат кој води до вашиот личен стил, кој им кажува на другите што можат  да очекуваат во вашиот дом, без да поминат низ влезната врата.
Денес, ние ви нудиме клучни совети од суштинско значење, за креирање на модерен пејзаж на вашиот двор (но не заборавајте на сопствениот стил и личност).

manicured-modern-garden-boxwoodНегуваните градини се многу модерни

Во рамките на еден модерен дом сè си има свое место, владеат чисти линии а нередот е строго забранет. Истите принципи на проектирање треба да се применат и за создадавање на идеална и модерна градина.
Всушност, модерниот пејзаж е спротивен од англиската градина, каде, елеганција е кога растенијата слободно растат и го превземаат просторот. Растенијата во современиот пејзаж  се контролирани и се сместуваат во точно определен простор, од чии димензии не смее да се излезе. Исто како птица во кафез – можат да и се восхитуваат на убавите пердуви, но не смее да се излезе од кафезот.
modern-grey-house-garden-landscapeГеометријата на модерен дизајн на екстериерот
Квадрати, правоаголници, кругови, триаголници … сите овие едноставни форми имаат свое место во модерниот дизајн на екстериерот.
На пример, рамната камена патека ве води кон надворешниот простор за седење кој е дефиниран со квадратот направен од зеленика а потоа со кружните скали ќе стигнете до надворешниот базен и така понатаму.
Затоа, најдобро е да изберете растенија, кои се лесни за формирање на нивните облици.. Еве само неколку растенија кои можат тука да се сместат,
зеленика
кедар
трска трева
succulents
јапонски јавор

zen-garden-rock-pond

Додате и на вашата градина малку Зен атмосфера
Повеќето модерни домови имаат барем малку Зен атмосфера . Истото важи и за дворот, Зен нуди мир, тивко место да се седне и да се релаксира, да заборавиме на грижите. Вашата надворешна градина, сигурно ќе треба да ја понуди гореспоменатава Зен атмосфера.
Еве неколку совети.
Водата е клучен елемент. Додадете фонтана, поточе, базен или езерце со риба (изберете еден елемент). Додадете ограда од бамбус, како и елементи на јапонската градина со помош на песок или камења.
Избегнувајте нападни растенија со силни светли бои. Држете се до неутралните растенија за смирување на атмосферата.
Користете главно зимзелени растенија, кои нудат боја низ целата година.
Вклучете камења, клупи и можеби статуи.

modern-landscape-design-stone-path

Обликувајте го дворот со користење на камени блокови
Камените плочи се важна алатка со кои се користи модерниот дизајн. Тие се користат како сегмент на пејзажот, кои водат од една надворешна соба кон друга.
И бетонот може да се користи за создавање на квадратен пат до базенот или рибникот. Тие патеки не морат секогаш да водат некаде – може да се користат само како алатка за визуелно да се обединат во дизајнот.

modern-exterior-landscape-stone-path

 

 

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСтан за млад пар (43 м2)
Следна објаваСемејна куќа во природа
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ