По прошетката низ најубавите локации долж Италија, овојпат патуваме до магичните дестинации на романтичната Франција. Од елеганцијата и аристократскиот сјај на градовите, па се’ до кантри идилата со која заведува француската провинција, оваа живописна земја е вистински рај за светските патници.
Во продолжение ви ги претставуваме 21-те чудесни места кои мамат воздишки со сликовитите пејзажи и архаичниот шарм на старите градби. Дел од нив се глобално познати метрополи и туристички локалитети, дел, пак, само локално познати атракции, каде колоритот на оваа идилична земја е во полн блесок. Уживајте во глетките и препуштете се на сонот за прекрасната Франција!