1Две семејства, два града, еден уметник и шест величествени таписерии – пет од нив ги декларираат петте човекови сетила, додека шестата е со нејасен наслов, протолкувана како љубов и разбирање. Модерно насловени како „Дамата и еднорогот“, таписериите завземаат свое место во историјата како украсен мотив во палатата на кралот Чарлс VII, во средовековна Франција, под покровителство на моќниот благородник Жан Ле Вист.

Благородничкото семејство во Париз му послужува како инспирација на младиот Д’Иносант, Николас Д’Иносант, самоуверен и безобразен уметник, убеден во паролата дека секој артист може да чувствува тројно повеќе отколку обичен човек. Испирацијата ја црпи од сопругата на Ле Вист, но повеќе се задржува на неговата заносна ќерка, Клод, која успева да му го зароби срцето на вечно несфатениот бунтовник. Така што, Клод е почестена што двапати се појавува во комплексот таписерии. Приказната мигрира во Брисел, во ткајачницата на семејството Де ла Чапел, каде сопругата на Жорж, Кристин и нивната слепа ќерка Еленор се следните две музи исткајани во таписериите.

По сите изгледи, Шевалие дава концепт на несекојдневен начин да се исткае универзалното табу од митот за еднорогот, во комбинација со озборуваната женска невиност. Маѓепсувачката експертска уметност на младиот ентузијаст во облик на серија сеуште го краси музејот Клуни во Париз. Иако историјата пружа малку факти за ова ремек-дело, фикцијата на Шевалие го илустрира ривалитетот помеѓу грациозноста на жената и возвишеноста која истата ја предизвикува кај мажот, имено отелотворена преку фиктивниот еднорог, стационирана во една безвременска литературна таписерија.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕдна соба, три пејзажи
Следна објаваБиблиотека во шума | Liyuan Library
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ