Сведоци сме на голем број непознати и млади автори кои си ја пробуваат среќата со цел да ја раскажат сопствената приказна; каде грото од нас е во дилема дали тоа е факт за пофалба или за загрижување. Имено, обидите да се напише нешто значајно не секогаш завршуваат пред рецензенти и издавачки куќи, не секогаш имаат среќа да красат нечија полица со извонредно уредена корица – поголемиот дел од нив завршуваат во фиока или во некој скриен фолдер, сеуште незрели и неподготвени да ја видат светлоста на денот; додека останатиот дел од истите одамна ја пополниле корпата за ѓубре. Свесни сме дека на некои од приказните навистина им треба охрабрување: DA како вистински поддржувач и промотор на Вашите зборови и во иднина, на самите Вие како писател смета дека може да Ви понуди листа со 12 (и половина) правила кои ќе Ви го подобрат односот кон Вашиот начин на пишување.

Не се обесхрабрувајте поради масовниот бран на нови автори, напротив – инспирирајте се од истите. Не плашете се од критика, туку сетете се дека големите писатели биле неприфатени од своите современици! Пишувајте, раскажувајте… запаметете дека дипломци, магистри и луѓе од кариера има премногу. Вистинските приказни се ретки!

S

1. Ако пишувате секој ден, Вашето пишување ќе стане подобро со секој нареден ден.
2. Ако Вам Ви е здодевна приказната, ќе му биде здодевна и на Вашиот читател.
3. Најдете си пишувачка рутина и држете се до неа.
4. Поезијата не мора да се римува. Поезија НЕ МОРА да се римува.
5. Одолете им на стереотипите – во животот и во Вашето пишување.
6. Писателите читаат, писателите читаат многу. Вистинските писатели читаат цело време.
7. Направете си листа на Ваши омилени зборови и книги, локации и нешта.
8. Не секогаш мора сами да извлечете поента од Вашето пишување.
9. Секогаш со себе имајте тетратка. И пенкало што пишува.
10. Излегувајте на прошетки. Танцувајте. Навадете ги цвеќињата. Измијте ги садовите. И напишете нешто околу тоа.
11. Не се задржувајте на еден единствен стил. Обидете се да експериментирате!
12. Научете да ги кажете двете страни на приказната.
12 и 1/2. Престанете да ја читате оваа листа. Почнете да пишувате!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПарфеми за есенските денови
Следна објаваФотографии од највлажното место на светот
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ