Се чини дека дизајнерите на корици на книги уште од почетокот на овој работен предизвик па се` до денес се соочуваат со можеби најтешката работа на светот, која треба да докаже дека „книгата не се бира според корицата“, но дека истата треба да привлече читателите да ја купат. Во контекст на истото, безгласно ќе си признаете дека повеќе од често, Ви се случило да одминете излог на некоја книжарница, па да направите неколку чекори назад затоа што конкретна книга (поради својата корица) Ви го заинтригирала погледот. Од едноставни дизајни до интелигентно смислени концепти кои повеќе раскажуваат од самиот наслов – досега многу пати биле тема на презентација и дискусија во категорија Книжевен агол на DA. Но денес, станува збор за нешто друго, нешто поинакво.

Креаторот и администаторот на The Casual Optimist, Dan Wagstaff прави компилација од неколку примери на книги со корица од самите книги, под насловот “Books on book covers”. Со поделба на неколку секции, тој кориците ги дели на отворени книги, исечени/искинати/на било каков начин оштетени/во центар на внимание итн. Секоја од нив креативно замислена и професионално изработена. Дали успеавте да препознаете некоја од нив? Дали и навидум анонимните имиња Ви оставија впечаток? Споделете со нас во коментар.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМини приколки за миленичиња
Следна објаваPUMA | Засекогаш побрзи
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ