Дозволете си ново ароматично уживање во некој од луксузните парфеми кои ќе го обележат вашето лето…

Летото е време за опуштање, време во кое сакаме да уживаме и да го искористиме секој сончев зрак. Без разлика дали сте нежни и романтични и сакате нежни и лесни парфеми или пак, сакате посилни ноти, ви ги претставуваме десетте парфеми кои ги задоволуваат критериумите на секоја дама.

2

1. Chanel N° 5

Парфем чиј мирис ја нагласува женственоста, стилот и сигурноста. Класика која не се менува и никогаш не изглегува од мода.

4

2. Gianni Versace Couture  Jasmine Eau de Parfum

Новиот парфем на Versace, Jasmin, освојува со својот опоен мирис, како и со префинетото шишенце обвиткано со кожа. За самоуверени и сигурни дами.

5

3. Flora 1966 by Gucci

Цветниот дизајн направен во 1966 година за Грејс Кели бил инспирација за овој парфем. Во него се искомбинирани божур, роза и бергамот, а претставува симбол на сиот гламур на Gucci.

6

4. J`adore Dior

Популарен низ годините и створен за жени чии основни особини се женственост, елеганција и деликатност. Ако еднаш го купите, вечно ќе му бидете верни.

7

5. Lancome Làutre Od

Во новиот парфем на Lancome се огледува вистинска експлозија на ориентални мирисни ноти- шафран, бугарска и турска роза и пачули. Ова лето ќе ве однесе на Далечниот Исток.

8

6. Miss Dior Cherie

Еден од најомилените парфеми на жените ширум светот. Вистински летен хит, со мирис на овошје и слатка арома, за оние со истенчен вкус и млад дух.

9

7. Dolce by Dolce & Gabanna

Спакуван во елегантно шишенце со нежен бел цвет, новиот Dolce е инспириран од сеќавањата на дизајнерите на прекрасната Сицилија.

10

8. Roses de Chloe

Најнежен до сега, новиот Chloe ве води во бескрајна градина со рози. Совршен за да останете неодоливи ова лето.

1

9. Calvin Klein One Summer

Лесните ноти го прават совршен за секојдневна употреба. Нежен и романтичен, во шарено шишенце кое ги симболизира долгите, топли летни денови.

3

10. Tom Ford Private Blend Collection

Ова фантастично трио- Neroli Portofino, Costa Azzurra и Mandarino Di Amalfi на дизајнерот Tom Ford зрачи со мириси на Италија, море и лето, па лесно се вклопува во секое ваше расположение.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваOldtimer календар | Mirko Frank
Следна објаваЛето & Ars Libris
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ