Секоја жена сака да се шминка. Некои преферираат впечатлив иглед, а некои се за поприродна шминка. Но, ако ја немате вистинската техника, туку онаа што мислите дека ви одговара, можеби можете да изгледате уште поубаво. Kimberly Soane од познатата компанија за шминка Bobbi Brown ги сподели своите 10 совети кои секоја жена мора да ги знае. Читајте внимателно.

1. Никогаш не ставајте коректор или пудра на очните капаци како основа. Тоа ќе предизвика сенката да ви се собере во аголот на окото.

2. Ако сакате умерена покриеност, нанесете подлога со прсти, а ако сакате подлабока, целосна покриеност, со четка.

2

3. Пудрата во прав секогаш ставајте ја прво на местото што највеќе свети, обично Т-зоната, додека на останатиот дел од лицето поминете со пудра лесно и брзо.

4. Бронзер треба да се става на вратот, лицето и деколтето за да се избалансира тонот на кожата. За да бидете сигурни дека сите делови на лицето и телото имаат иста боја, застанете еден чекор поназад и погледнете се уште еднаш од подалеку.

5. За време на нанесување на руменило, насмевнете се и почнете од јаболчниците, а потоа продолжете кон врвот на увото, па надолу кон вилицата.

6. Секогаш нанесувајте моливче или сенка за веѓи на горниот дел од веѓите бидејќи така ќе го подигнете лицето.

3

7. За да бидете сигурни дека карминот ви лежи природно, а не премногу дефинирано, и дека е нанесен на целата уста сè до краевите, стиснете го карминот на устата  при нанесување.

8. Кога сакате да си поиграте со сенките, секогаш прво почнете со сенка во боја на кожата, без сјај, и нанесете ја по целиот капак сè до веѓите. Со ваква основа бидете сигурни дека темната сенка ќе ви стои совршено.

9. Кога ставате туш за очи, наместо да гледате право во огледалото, приближете се што е можно повеќе, така што главата ќе ја држите нагоре, а брадата најблиску до огледалото. Додека нанесувате, гледајте надолу и почнете од внатрешноста на окото кон надвор.

10. Кога ставате маскара, потезите нека бидат брзи. Со стапчето од маскарата почнете од корените на трепките и нанесувајте кон врвовите на трепките со цик-цак движења.

4

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗаборавете на телефонот додека возите
Следна објаваMини поткровје по женски вкус
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ