1

Уредувањето на малите простори е секогаш предизвик, бидејќи секој центиметар треба функционално да се искористи, а притоа да не се претера и задуши амбиентот. Многу малата површина, но поволната висина, барале внимателно планирање и паметно преуредување на ова минијатурно станбено катче во Задар, Хрватска. Сместено е во стара градба од 18-тиот век, па духот на минатото е она што сопственичката сакала да го задржи во ентериерот. Замислила стан за двајца – потполно сладок и романтичен. Резултатот е феноменално уреден простор, кој освојува на прв поглед со убавината и практичноста спакувани во само 23 метри квадратни. Иако во повеќето просечни станови толкава квадратура завршува само во дневниот престој, тука, со низата паметните решенија е сместен цел стан. Која е тајната? Конципирањето на две нивоа и добрата организација: веднаш на влезот дочекува малиот ходник, со пристап до бањата од левата страна, и дрвени скалила кои водат до галеријата од десната. Под нив, просторот е рационално искористен како орман за складирање. Дневната зона ја сочинуваат кујната, трпезаријата и дневната соба, удобно сместени во отворен план со компактен изглед и флексибилни парчиња мебел. Освен кујнските елементи, целиот мебел е изработен по мерка и плански: полицата под телевизорот, трпезариската маса – шанк која може да се извлекува и поместува, како и плакарот во галеријата, кој поради недоволниот простор за врата е прикриен со светла завеса, што внесува дополнително романтично чувство во спалната. Недостигот од доволно природна светлина е надминат со вештачки извори за осветлување, а во прилог се и убавите суптилни бои кои го облагородуваат со свежина и пријатна нота за престој. Доминираат чисто белата бојата и атрактивната тиркизна нијанса, збогатени со нежен тапет и впечатливи акцентни детали кои му даваат посебен шарм на ентериерот. На второто ниво е поставена спалната соба со брачен кревет, средена во лежерен тон, со комбинација на релаксирани бои и романтични детали кои креираат совршена атмосфера. Чуда навистина постојат!

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРимокатоличка преспектива | Clement Celma
Следна објаваМини-бар за мини-реално шоу
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ