Мојата мајка имаше само едно око. Ја мразев…беше срамота за мене. Во нашето училиште подготвуваше храна за учителите и за нас.

Еден ден додека уште бев во тоа основно училиште, мајка ми влезе во класот и ме поздрави. Ми беше толку многу срам. Како можеше тоа да ми го направи? Ја игнорирав, и упатив поглед полн со омраза и побегнав.

Подоцна сите мои пријатели ми се подсмеваа и ми велеа: Бљак, твојата мајка има само едно око!

Пропаднав в земја и посакав мојата мајка да ја нема. Кога повторно ја видов станав и и реков: – “Ако повторно мислиш да ме правиш предмет на исмејување подобро ти е да умреш.” Мајка ми ништо не ми одговори.

Не застанав ни за момент да размислам што реков, бев полн со омраза и бес во себе. Бев незаинтересиран за нејзините чувства. Единствено што сакав е да побегнам што подалеку и да немам никаков контакт со неа.

Во подоцнежниот живот учев многу и тешко. Добив шанса да одам во Сингапур и да студирам… бев пресреќен! Се оженив, купив куќа и добив свои деца. Бев среќен со својот живот, со своите деца, иако живеев во друга земја.

Но, еден ден дојде мојата мајка да ме посети. Ме немаше многу години видено, а и внуците исто. Се појави на вратата. Моите деца почнаа да ја исмејуват. Јас почнав да и се викам како може туку така да се појавува непоканета. И викав: – Како можеш да доаѓаш туку така и да ми ги плашиш децата? Гони се одтука и да не те гледам!

Мојата мајка само тивко одговори: „Извинете мора да сум ја погрешила куќата“ и замина…

После неколку години дојде писмо кај мене. Повикан бев на матурска прослава. Ја излажав жена ми дека треба да одам на службен пат. После прославата, од љубопитност се вратив до стариот дом.

Кога ме видоа соседите ми рекоа дека е веќе мртва. Ниту една солза не пуштив. Ми дадоа едно писмо и ми рекоа дека е од неа.

Мил мој сине.Мислeв на тебе цело време. Извини што така упаднав во твојата куќа и ти ги исплашив децата. Ми беше драго дека си успеал во работата и дека ќе дојдеш на прослава овде. Јас можеби нема ни да станам од креветот да те видам. Жал ми е што секогаш те срамев и ти бев терет. Кога беше мал се случи една несреќа и го изгуби едното око. Како мајка не можев да поднесам да растеш со едно око. Докторите те прегледаa и ми рекоа дека е можно. Тогаш јас ти го дадов моето… Бев пресреќна кога знаев дека мојот син, го гледа светот за мене со тоа око…

Со љубов,
Секогаш за тебе”
Твојата мајка.

36 КОМЕНТАРИ

  1. Зошто баш ова го беше ти напишал?Ако знаеш нешто поубаво да напишеш те молам пробај вака:
    „Мојата мајка непрешушен извор на добрина, убавина, пожртвуваност“.

  2. Каква таква мајка ни е.Единствена е и на неа треба да гледаме како чудотворец бидејќи таа не донела на овој свет во кој создаваме,губиме,мразиме,сакаме едноставно живееме.Кон своите биолошки родители секогаш треба да се има почит и љубов.Тоа е најмалку шо може да сториме за нив.

  3. Mojata majka i da e najgrda na ovoj svet jas kje ja sakam najvekje na ovoj svet zatoa sto taa go napravi ovoj svet za mene najsrekjen kje ja sakam do krajot na mojot zivot i mojot posleden migg :** <3

  4. Steta sto dobar del od vas ne ja svatile vistinskata poraka na ovaa prikazna. Ne e bitno dali e vistinita ili ne, dali e glupa ili ne sepak taa treba da razbudi zamislenost kaj nas. Vo denesnicava ima eden ton vakvi slucai kade sto covekot e necovek. Dokolku ne vi se dopadna prikaznava izbrisete gi glupite komentari i ostavete samo kritika a ne delumna navreda. I uste ednas razmislete dali mozebi vie na nekakov nacin povreduvate nekoj ….

  5. … и Дедо Мраз не е вистински, но ни ги менувал животите …

    приказната има приказна во неа…

  6. ovaa prikazna ni ja kaza nastavnikot po religija vo 6to odd.. i togas na casot mi se placese dodeka ja slusav prikaznata, no i sega dodeka ja citav i se potsetuvav na nea mi techea solzi :( Da, Mnogu e tazhna

  7. некој моли да има мајка…а некој вака… срамота за авторот ако е вистинска случката, треба да се засрамиш од себеси… јас не би си простил до крај на животот, те пораснала …. а ти … јас немам татко, почина кога бев мал… сега имам 20 години и секој ден мислам на него….. би дал се да го имам тато покрај мене макар и со едно око..толку од мене.

  8. Kako prvo sinot bil ignoranten vo negovite shkolski denovi t.e. niz negovata adolescencija. Spored Frojd problemite so nashite roditeli traat do 20tata godina koga sfakjame deka se shto ne sovetuvale bilo za nashe dobro. Tuka e greshkata vo prikaznata. Kako moze glavniot lik voopshto da ne se kae pa i ushte da ja brka majka si od svojot prag? Avtorot ochigledno sakal da napishe trogatelna prikazna no shteta shto ne uspeal i jas bi go sovetuval da se konsultria so nekoj popameten od nego pred da objavi vakvi lajna.

    • Нема потреба од парафразирање на зборовите на Фројд,бидејќи тука не станува збор за психоанализа на ликот или пак за глумење ,,стручњак‘‘ од областа на психологијата. Приказната очигледно е наменета за да пробуди малку свест кај луѓето, особено помладите генерации кои за жал денес живеат во свет кои ги тера да се однесуваат на ваков начин како и момчето од текстот, гледајќи со срам кон своите родители, најчесто бидејќи немаат доволно средства да им пружат живот каков што би сакале. Постоеле и секогаш ќе постојат идиоти кои ќе ни наметнуваат вакви работи со цел да не’ направат да се срамиме од тоа што сме, затоа пораката од текстот треба да биде сфатена во таа смисла, а не за тоа дека приближно кога ќе имаме 20 години ќе сфатиме зашто не советувале родителите. А вие, Госпоѓо претпоставувам, која нели не сте моја мајка, ама верувам нечија сте, размислете се малку пред да се изразувате нискоинтелигентно и да пробувате да продавате памет, бидејќи да бевте доволно интелигентна ќе сфатевте дека нема потреба од вакви погрешни коментари и погрешно толкување на зборовите во текстот, кој нели треба да е трогателен за да сфатиме колкави идиоти постојат. :)
      Со почит, НЕсин Ви.

  9. дури и да е вистинска приказнава, ја сватив пораката ама не ме трогна многу затоа што лично приказнава ми е глупа. Требало да седнат еден ден и да напраат муабет за се, и мајката да не биде глупа туку да му објасни убаво на синов што како. Немале никаква комуникација, а пак не биле целосно отуѓени. Некако не ми е се убаво осмислен, или барем убаво раскажан околу нивниот однос.

  10. Kogo ne vodela majčinska raka od detstvoto, može najdobro da kažuva za čuvstvoto na nedostig na majčinskata ljubov.
    Luge što ne ja počituvaat majka si, ne se luge i ne se vredni da živeaat, no životot sekogaš vozvaraka, pa na takvite sekogaš im se slučuva vo podocnežniot život ednakvo. Vo toa sum siguren.
    Poštuvaj onoj što ti go dade život.

  11. kolku blagorodno od strana na majkata, kolku sramno od strana na sinot… zarem majkata so edno oko ili bez oko, so bari ili bez pari… ne e samo MAJKA- NAJVREDNOTO NESTO VO ZIVOTOT? Fala Bogu sto e samo prikazna, da bese realnost, bi rekla, nema potreba takvite sushtestva da se smetaat za luge!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР