Веќе ни е познато дека приказната за малиот магионичар, кој упорно не тера да го чекаме сопственото писмо за Hogwarts иако одамна сме навршиле 11 години, претставува точка за инспирација на многу уметници од сите бранши. Имено, не е тајна дека дузина од најголемите, помалку знајните и анонимните уметници уживаат во литературната уметност и неретко, успеваат да направат фантастичен спој на својот креативен израз преку одредено книжевно дело.

Денешниот пример носи наслов „Harry Potter & the Beer series“, каде што Anita Brown како дигитален медиа-уметник создава неверојатна серија илустрации инспирирана од нејзиниот херој од детството во комбинација со нејзиниот херој од младоста. Интересни досетки во уште поинтересна композиција, ќе направат да посакате да дегустирате дури 7 пива оддеднаш!

1

2

3

4

5

6

7

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПровокативна кампања за заштита на рибите
Следна објаваМојата мајка
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР