Многу девојчиња и девојки имаат развиено слична претстава за „принцот на бел коњ“, каде единствената вина се префрла на шармантните прикази на Disney  низ годините. И сите заедно, го обвинуваат Disney за нивните високи очекувања. И, зошто не би? Тие се прекрасни, симпатични и силни. Што има тука да не Ви се допаѓа? Па всушност, тие и не се толку совршени како што си претпоставувате.

Добро знаеме што рекоа за бајките и добро знаеме зошто сеуште читаме бајки. Со илустрации на David Kawena, ние ги анализиравме под поинаков агол за да Ви покажеме дека тие се, во суштина, една група на совршено несовршени момци…

Еден ден Вашиот принц ќе дојде. Освен ако го згрешил патот, се изгубил и е премногу тврдоглав да праша за насоки.

1 (1)

Prince Adam (The Beast)

Еден од најочигледните показатели е принцот на Belle, односно нејзиниот Beast. Неговото плитко, оценувачко и себично однесување е она што го вовлекло во неволја на прво место – па дури и по проклетството, тој не се труди да се промени. Тој, исто така, имаше доста моменти на излив на бес, прашања, навреди и контрола врз слугите, па и врз Belle. Хм, се сеќавате дека ја чуваше како негова затвореничка?
Секако, тој стана подобра личност подоцна, но ако го перцепираме по компаративен концепт на реален лик, тогаш тешко дека би му ги издвоиле квалитетите, што значи дека тешко некоја девојка би го погледнала како потенцијално момче! Иако девојките реагираат на лошите момчиња како магнет поради нивната опсесија од се’ да извојуваат добар проект; сепак, Ѕверот е катастрофа која штотуку не Ве затекнала.

1 (13)

Alladin

Каде воопшто да почнеме со дескрипцијата на Aladdin? Момчето дефинитивно има некои сериозни прашања кои мора да ги реши. Нема да му земеме за зло тоа што украл леб за да не гладува и го подели со гладните деца, зошто истото го направи Жан Валжан во Иговите „Клетници“, но тој заработи 19 години робија за истиот чин. Иако актот има благородна суштина и покрај криминалниот карактер, Aladdin не треба да се загрижи само за своето крими-досие.
Тој е патолошки лажго. Тој е измамник. Како прво, успеа да ја измами Jasmine со триковите на Genie – духот го избави од пештерата, го претвори во принц за да има шанси кај принцезата; која иако го одби, тој продолжи да ѝ додева. Конечно, кога таа сфати кој е тој во суштина, тој повторно ја лажеше – дали Jasmine му поверува? Па момчето ја излажа милион пати! Секако дека не.

1 (2)

Flynn Rider

Flynn е сличен на Aladdin во поглед на недостатоците на карактерот – тој е крадец, лажго и одметник. Не може да го негирате очигледното – неговото лице беше на сите „Wanted: Dead or alive“ постери низ кралството. Ако мислите дека некоја девојка би се затрескала во такво лице, тогаш сигурно нејзи ѝ недостасува нешто во главата. Во типичен Дизни стил, тој го менува својот начин на живот под влијание на вистинската љубов: Rapunzel направи од него човек достоен за вљубување и како тоа да не беше доволно – и тој влијаеше на неа во позитивна смисла.
Што ретко се случува во реалниот живот – животот не е Tangled. Флин е можеби најубавото момче што некогаш сте го виделе, но тоа не го менува фактот дека тој е лош избор.

1 (11)

John Smith

Најлошото нешто што го карактеризира John Smith како погрешно перцепиран „маж од соништата“ се неговите предрасуди, пред Pocahontas да му го смени гледиштето за 360 степени. Типично мажествено, тој ѝ се фали за подвизите на Англија и нивната намера да создадат подобар живот за „дивјаците“, градејќи им патишта и пристојни куќи.
Сериозно? Момче кое ја навредува Вашата фамилија и потекло е вреден за размислување? Сосема безобзирно и расистички настроено! Ако Ве сака, ќе Ве сака поради тоа што сте (а не што би можеле да бидете).

1 (9)

Prince Naveen

Само дел од негативните карактеристики на Naveen од „Princess and the Frog“: себичен, мрзелив, арогантен, материјалист, плејбој… дали тоа Ви звучи како „принц од бајките“? Ако е така, тогаш сериозно мора да си закажете снимање на главата. Без оглед на тоа колку е тој совршено граден и неверојатно згоден.
Тијана беше во право штом го одби неколку пати; иако на крајот, сепак заврши во бела тоалета со него пред олтарот. Факт е дека доколку ги прифатите сите негови маани, следен чекор е венчавка.

1 (4)

*Продолжува…

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМонохроматски слики – израз на емоции
Следна објаваРаботна кревет маса
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

2 КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР