Веќе е јасно дека независно од годините, важно е зошто се’уште читаме бајки. Констатираните бенефити од добра приказна без оглед на нејзиниот грозоморен извор секогаш ни дава чувство на одмореност, безбедност и надеж. По добриот пример на Дизни при метаморфозирање на најкултните бајки во совршени ремек-дела, сведоци сме на различни преформулирања и екранизации. Денес, со цел да ги вратиме бајките на секојдневен репертоар, нудиме палета цитати на познатите мислители низ времињата кои дале свое видување на моќта и влијанието на бајките. По она што го рекоа за книгите… знаете, не е сосема неточно дека животот некаде на средината од бурата ни сервира бајка…

1

„Ако сакате Вашите деца да бидат интелегентни, читајте им бајки. Ако сакате да бидат поинтелегентни, читајте им повеќе бајки.“
– Алберт Ајнштајн

„Во секој момент од нашиот живот, со едната нога сме во бајка – а со другата во бездна.“
– Пауло Коејло

„Бајките се повеќе од вистинити: не затоа што ни кажуваат дека змејовите постојат, туку затоа што ни ставаат до знаење дека змејовите може да бидат победени.“
– Нил Гејман

„Знаете дека сте заљубени кога некој ќе Ве натера да ја спуштите долу книгата со бајки и да почнете да ја живеете сопствената.“
– Хусеин Нишах

„Ако сум искрена, морам да Ви кажам дека сеуште читам бајки и ги сакам повеќе од се’.“
– Одри Хепберн

„Опседнати од бајките, ние го трошиме сопствениот живот во потрага по магична врата и изгубено царство на мирот.“

„Постои голема лекција во „Убавицата и ѕверот“ – дека нештото треба да биде сакано пред да увиди дека е способно да сака.“
– Џ.К. Честертон

„Секоја бајка има крвава поставеност. Секаде има некој со заби и канџи.“
– Алис Хофман

„Без одредена возраст, во сите времиња – прашање од огромно значење е дека бајките треба да се почитуваат.“
– Чарлс Дикенс

„Ако ја видите магијата во една бајка, може да се соочите со иднината.“
– Даниела Стил

„Во животот не постои среќен завршеток како од бајките. Но, за среќа – постојат многу бајковити моменти.“
– Трејси Вингар

„Самиот живот е најубава бајка…“
– Ханс Кристијан Андерсен

2

Ќе заклучиме дека бајките постојат се додека веруваме во нив, се додека им вдахнуваме живот читајќи ги, раскажувајќи ги. Никој не е претерано стар за да одолее на добра бајка. За крај, позајмената реплика од „Once upon a time“ серијалот на ABC Studios, ќе Ве остави делумно збунети бидејќи  The Mad Hatter вели:

„Знаете што е проблемот со овој свет? Секој од нас бара магично решение за своите проблеми и истовремено секој еден од нас одбива да верува во бајки!“

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Прекривка со срциња
Следна објаваСпирални цртежи | Chan Hwee Chong
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

2 КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР