Се сеќавате на онаа приказна со двете кутии? На денот на неговата венчавка, таткото на синот му подарува две кутии – едната црна, едната бела, за да му послужат како најголема лекција во животот. Му ги подарува со услов: кога ќе му е најтешко, да ја отвори црната кутија. И спротивно, кога ќе му оди најубаво во животот, да ја отвори белата. Годините минуваат, синот не успева да се вработи како што планира, така да му се јавуваат проблеми во бракот, бројни фрустрации и низа разочарувања. Така што, одлучува да ја отвори црната кутија… во неа, стои една порака на која пишува „Ова ќе помине.“. Обесхрабрен, синот не обрнува внимание на лекцијата. По извесно време, го поправа односот со сопругата, му се раѓа дете и се вработува. Почнува да биде порасположен и поисполнет, се’ додека не добие унапредување поради мотивираноста и одржаниот баланс. Во еден момент, тој се сеќава на зборовите на татко си… и брза да ја отвори белата кутија. Во неа, исто така стои порака, на која пишува… „И ова ќе помине.“.

Сите сме херои на нашето време. Паѓаме и се раѓаме, се повредуваме и учиме. Ова видео е само доказ на оваа констатација.

СПОДЕЛИ
Претходна објава16.Скопски филмски фестивал
Следна објаваПетте златни тајни на Tim Gunn
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР