Ѕвездата на Project Runway и модниот гуру Tim Gunn добива искрен нагон да им помогне на жените ширум светот да ја прегрнат својата уникатност, женственост и моќ на перцепција преку 5 едноставни правила коишто ниеден моден стилист нема да Ви ги каже. Следува серија од пет златни правила на г-дин Gunn:

1

#1.Убавите манири се одлика на вистинска класа.

„Оваа книга е мојот манифест за љубезноста, широкоградоста и интегритетот. Мајка ми секогаш ме корегираше за различни нешта.. однесувањето, граматиката, ставот. Но, моите манири дојдоа до израз кога заминав на колеџ и почнав да делам критики кога морав да зборувам. Но, кога зборував, знаев дека почитта кон личноста и делото на другиот е повеќе од неопходна и, дека искреноста може да се случи дури и без да ги навредите.“

#2. Да критикувате без да бидете груби е уметност.

„Уште во почетокот, научив дека е многу лесно да повредите некого дури и да немате намера за тоа. Имав еден студент кој го фрли своето портфолио во мојот кабинет и со солзи во очите, излета надвор. Си помислив, намерата му е да се измачувам поради оваа постапка и јас навистина го направив тоа. Научив на потешкиот начин да не го навредувам карактерот на другите. Лесно е да им кажете на другите дека работата ќе била завршена ако пристигнале половина час порано. Како да ја преформулирате оваа фраза, така што личноста нема да излета од просторијата во која се наоѓате? Никој не рече дека ќе биде лесно.“

#3. Искористете ја Вашата трема како Ваша предност.

„Првиот ден од настава во мојот кабинет, повратив пред да влезам во зградата. Знаев дека истата или ќе ме убие или ќе ме спаси и бев решен да не ѝ дозволам да ме убие. Размислував дека не смеам да го разочарам мојот ментор и никако не сакам да се вратам дома, сокриен под неколку прекривки во креветот. Да, не смеам! Си помислив, не смеам и нема да ја изневерам довербата што ја имаат во мене. Не се работеше за еден семестар – туку за 29 години во вредност. Но, тремата е позитивна работа, Ве држи ажурни и верни на сопствените вредности.“

#4. Пронајдете го Вашиот баланс.

„Јас имам мантра за силуета и пропорција и верувам дека кога овие две работи се во баланс, тогаш би изгледале прекрасно што и да облечете. Тоа не се однесува на одредено парче облека или моден додаток… тоа е за изглед, од глава до пети! Мислете на себе како серија од третини од рамената до прстите и облечете се согласно овие правила. Клучната порака е: немојте да се поделите на два дела во половината!“

#5. Запомнете дека делата зборуваат погласно од зборовите.

„Во мојата книга, пишувам за не-толку-поволни приказни за Anna Wintour. Имам видено како нејзините двајца телохранители ја носат по скали, по завршувањето на една ревија. По овој настан, Anna не сакаше да се вози во лифт со никого. Кажав во New York Post за тоа што го видов и таа имаше ужасна реакција – но, ако тоа не се случеше, јас не би го спомнувал во книгава. Но, пораката е – Anna, прифати ја одговорноста за твоето однесување. Ако не сакате луѓето да пишуваат или зборуваат за Вас, тогаш немојте да се посрамотувате пред нивните очи. И немојте подоцна да излегувате со одговор во Vouge дека имам бујна фантазија. Се’ што можам да кажам е дека вистината е поголема од фикцијата.“

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДа се биде херој
Следна објаваРежисерите и нивните најчести музи
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР