Се ближи Велигден, па ви претставуваме проект, како креативно, а многу едноставно, да ги украсите велигденските јајца.

Потребни ви се:
-пиштол со силикон
-украсна лента

Земете ги јајцата, со пиштолот исцртајте силикон во саканата форма и внимателно залепете ја украсната лента.

Може да испишете велигденска честитка, некоја форма, пример срце, или едноставно да го обложите целото јајце. Изборот е ваш.


Вашите јајца се готови. Поставете ги во кошничките и разубавете ја масата во домот.















