Покрај многуте рецепти за правилно уредување на животот, од типот на 10 мотивирачки начини за промена на Вашиот живот или правилото дека животот е забава – наместо да Ви упатиме за што треба да се приврзете, односно што треба да правите; денес одлучивме мотивирачки да Ви прикажеме од што треба да се откажете. Следната листа се однесува за секој период од животот, за секој предизвик и животен стил.

1

Откажете се од:

1. Сомнеж во себе, затоа што Вашата самодоверба е Ваше најголемо автономно богатство. Бидете самокритични до одредена мера, затоа што никој не ги сака претерано сигурните во себе.

2. Негативни мисли, бидејќи нивна највисока цел да Ве уништат уште пред да почнете. Дали навистина мислите дека е во ред да не си дадете шанса да успеете?

3. Страв од неуспех, како водечка причина да не се обидете. И од што би се исплашиле? Од неуспесите се учи.

4. Деструктивни врски – со било кого, партнер или пријатели. Знаете како велат – подобро да си квалитетно сам, отколку во неквалитетна врска.

5. Озборување, затоа што ова не е Upper East Side и озборувањето не е ин. И не значи дека сте имуни на озборувањето доколку не озборувате одреден период.

6. Себе-критика и критика кон другите, затоа што самодовербата зависи од ова. Освен под услов, критиката да е застапена и во добра и во лоша конотација.

7. Бес, бидејќи 5 минути исфрлање на истиот може да значи 5 години последици. Или чувањето на бесот во себе може да резултира со ефект на нагазна мина.

8. Комфорно јадење, кога сте (не)расположени… јадењето не е лек. Исто како и пиењето.

9. Мрзоволност, независно дали се работи за факултет, работа или излегување. Вашите обврски немаат пренослив карактер.

10. Зборување за себе во негативна конотација – верувајте дека се’ се концентрира околу начинот на кој се претставувате. Самодовербата е клучна, затоа е на место бр. 1.

11. Одложување, одложување на Вашите обврски за утре: она што може да го направите денес, не оставајте го за утре.

12. Страв од успех, исто како стравот од неуспех, не смее да Ве плаши. Редно е да ги превземете заслугите од сработеното.

13. Било што прекумерно, од типот на излегување, јадење, пиење, купување, фалење… Дали навистина Ви е се’ тоа потребно?

14. Задоволување на другите – Вашата потреба да удоволите некому може лесно да биде злоупотребена. Затоа, бидете свесни за границата на излегување во пресрет.

15. Ставање на другите пред себе – последно и најважно: секогаш бидете си на врвот на сопствена листа на приоритети!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХотелска оаза со животинско царство | Disney’s AK Lodge
Следна објаваФото на денот | Клуч
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР