Клучен фактор при промена на Вашиот живот е мотивацијата – а токму тој дел е обично најтежок. Како и да е, без грижи. Независно дали имате интерес да ја смените Вашата работа, да најдете нови пријатели или физички да се активирате, односно да започнете здраво да живеете. Следуваат корисни совети – 10 на број, кои функционираат за било каква промена која се однесува на Вашиот животен стил.

1. Научете нешто ново.

Еден од најдобрите начини да се чувствувате убаво согласно промената, е учењето на нешто ново – научете да танцувате, научете нов странски јазик, научете да свирите некој инструмент. Интересирајте за омилените теми на разговор, како литературата, генетиката, техологијата или антропологијата. Научете да медитирате или како да направите чоколадно суфле – или научете да си го промените животот. Колку повеќе учите, толку повеќе памтите, Вашете знаење се подобрува и го отвора Вашиот ум за нови нешта.

2. Пишувајте.

Пишувањето е одличен начин од кој извира мотивација за промена. Животот не може да тече без писмена форма – безразлика дали тоа се прави поради работата или поради сопствено уживање, факт е дека поезијата, романите, социолошките есеи или обични агнедоти го релаксираат мозокот додека читате. Замислете како би било истото да го пишувате! Вашиот ум ќе го извади на површина се она што тлее во Вас.

3. Минимизирајте го она што Ви го одвлекува вниманието.

Постојат мал милион работи кои ни го фиксираат вниманието за непотребни нешта. Не дозволувајте да станете роб на таа категорија „убијци на концентрација“. Исклучете го телевизорот додека нешто работите и престанете да си ја проверувате е-поштата толку често. Исклучете се од facebook и излезете малку на воздух. Завземете став дека концентрацијата е круцијална независно со што се ангажирате. Ќе биде тешко на почетокот, но на крајот ќе се изненадите од резултатите.

4. Стекнете нови навики.

Развивањето на нова навика е една од најважните и најкорисните начини да си го подобрите квалитетот на живеењето. Ако имате проблеми со спиењето, направете распоред на активности – легнувајте си порано и заобиколете го попладневното рутинско кафе. Пешачете до факултет или работа, средете го станот и одморете се по ручекот. Со самата организација на денот, ќе се стекнете со навика да си го организирате животот.

5. Проверете ја Вашата „to-do“ листа.

Учењето како да го промените Вашиот живот зависи од доследноста на ветувањата. Веруваме дека секој од Вас има замислено листа во главата, на работи кои би требало да ги направи утре, годинава, еден ден. Кога последен пат сте ја ѕирнале листата? Ако посакувате да одите во Париз, да научите шпански, да истрчате маратон или да добиете унапредување; го поседувате сиот капацитет тоа да го направите ако навистина го посакувате истото! Дадете си шанса, направете простор за исполнување, заштедете некој денар и одржете си го зборот даден на себе.

6. Елиминирајте го отровот.

Секој еден од нас има свои отрови во животот – размислете за тоа, од кои агли Ве демне и Ве повредува. Можеби сте пушач, можеби пиете повеќе од што треба или се храните нездраво. Можеби имате некој близок со лоши навики или сте принудени да бидете дел од истите. Промената е неопходна и евидентна во моментот кога ќе одлучите да се ослободите од отровите во Вашиот живот, давајќи се приоритет на себе.

7. Следете ја својата инспирација.

Понекогаш се што Ви треба е само малку инспирација. Да ги намалите килограмите, да се вратите на студии, да просперирате во животот или можеби, да стапнете на лудиот камен? Без оглед на ситуацијата, Вашата инспирација ги добива своите 5 минути слава: направете колаж, албум со мотивација или отворете блог. Користете слики, цитати, филозофии кои дополнително Ве мотивираат да го дадете најдоброто од себе – и осигурајте се дека секогаш ќе Ви биде на видик дури и откако ќе успеете.

8. Направте нешто посебно за себе.

Најпознат начин кој вродува плод на промена и задоволство вклучува редовна концепт на правење нешто за себе. Тоа може да биде било што: маникир еднаш во месецот, предуредување на спалната, масажа или добра книга… се она што прави да се чувствувате убаво во сопственото друштво. Можеби тоа ќе посакате да го правите почесто, но, без разлика што правите – се додека си пружате себеси уживање, Вашиот живот ќе се издигне на подобро ниво. Можеби ќе Ви се чини незабележливо, но запомнете дека најголемите промени во животот, се всушност, мали во пракса.

9. Подобрете ја Вашата карма.

Промената на Вашиот живот подразбира промена на животите на другите. Има толку нешта кои ќе ја подобрат Вашата карма – да волонтирате во добротворни организации, да ги подарите обувките кои веќе не ги носите или едноставно, да и помогнете на старата сосетка со кесите од пазар. Дадете комплимент на Вашите блиски, посетете ги родителите, купете им нова играчка на Вашите деца. Дотерајте се за партнерот без причина и кажете му дека го сакате. Смејте се почесто! Чувството кое го добивате од правење убави работи за другите ќе предизвика монументална промена во Вашиот живот.

10. Следете ги своите страсти.

Каде ја воочувате Вашата страст? Танцување, готвење, читање… што и да е, правете го тоа почесто. Занесете се во тоа, бидете најдобри! Страстите се од суштинско значење во Вашиот живот и практикувањето на истите ќе Ви го насочи животот кон квалитетна промена.

На многу начини може да дејствувате на себе и на сопствениот живот, но не заборавајте дека треба да го направите она што е најприфатливо за Вас – овие совети се лесно остварливи и лесно прилагодливи. Вашиот живот е серија од чекори, не двоумете се да го направите првиот!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСамрак со сласт | Renata’s сakework
Следна објаваВертиго обем | Кафе-библиотека
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР