Обично се вели дека, ако ги имате вистинските пријатели и шише шампањ, секој ден може да се декларира како празник. Претежно, пријателите се роднини кои сами си ги бираме – немаме потреба да ги менуваме коренито, туку се приспособуваме на нивните секојдневија, им ги цениме доблестите и им ги простуваме маните. Од едноставна причина, што самите сме си ги избрале како сопатници низ животот. Да бидат тука со нас во најсреќните денови, да бидат тука за нас во најтешките.  Затоа што…

Животот е како забава. Вие поканувате многу личности – некои си заминуваат порано од што очекувате, некои остануваат. Некои се смеат со Вас, некои Вас Ви се смеат. Некои од нив, воопшто и не се појавуваат. Некои се најавуваат, ама не доаѓаат. За некои може да видите дека се забавуваат во Ваше друштво, додека за некои како ден јасно е дека не уживаат во Ваша близина, а сепак дошле. Некои се извинуваат, некои не. Некои Ви го уништуваат поводот за забава без око да им трепне. Некои од нив, Ви го уништуваат домот. Но, на крајот од забавата, тука ќе бидат неколкумина кои останале да Ви помогнат да го исчистите нередот кој настанал додека забавата траела. И најчесто, тие неколкумина се истите оние кои немаат допирна точка со нередот. Затоа, вреднувајте го сопственото време за забава и не си го ускратувајте себеси задоволството да се дружите со многу луѓе – но, запомнете кои Ви се најблиски и кои Ви остануваат најблиски до самиот крај.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШто ако Дизни негативците победеа?
Следна објаваЕлегантен екстериер | Балкони од ковано железо
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР