Ковано железно, без разлика дали се употребува како ограда на влезна порта или пак на балкон, совршено го украсува екстериерот на градбата и додава на архитектoнска вредност на истата. Општо познато е дека дизајнот на балконите и балконските огради е круцијален за фасадата и целокупниот изглед на градбата, a балконите претставуваат практичен елемент и елегантно дополнување на надворешниот декор.

Декоративните балкони од ковано железо потекнуваат од Европа, од средовековниот период, а индустриската револуција во 18иот век донела нови начини на манипулирање со железото, а со тоа и нови и иновативни дизајни за огради. Популарните стилови на дизајн варираат од француски до шпански медитерански, како и традиционален европски стил, а поради својата елеганција и безвременост, сосема е очекуван е фактот што кованото железо денес е најупотребувано кога станува збор за балкони.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЖивотот е како забава
Следна објаваПознати личности на корици од книги
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР