Во денешно време сите се соочуваме со предизвикот да говориме пред одреден аудиториум; било дали се работи за едноставна презентација на час, бранење одредена теза или презентирање на Вашата работа пред одредена бизнис група. Како и да е, секое вакво изложување е од огромно значење за Вашата личност, особено во однос на Вашиот професионален напредок. Тремата е еден од придружниците на секој говор, без разлика дали ќе говорите пред мала или голема група. Најчесто се јавува како недостаток на самодоверба, но не заборавајте: умешноста за добри говори се вежба и учи, потребен е само Вашиот труд. Ние Ви нудиме неколку совети кои би можеле да Ви помогнат да бидете добар говорник и да го задржите вниманието на Вашите слушатели, како и да ги задоволите нивните очекувања.

На почеток не заборавајте: „Говорите мерени со часови, умираат за час.“ (Томас Џеферсон) – Бидете кратки.

„Само започни, па ќе бидеш говорлив.“ (Овидие) – Припремете си добар почеток на Вашиот говор.

„Еден е говорот во кој говорникот покажува само дека може да говори.“ (Џошуа Рејнолдс) – Не е важно како се говори, туку и што се говори.

„Ако беседата не доаѓа од душата, таа и покрај убавината нема да го победи срцето на слушателот” (Гете) – Бидете убедени во она што го зборувате.

„Што не е докажано, исто како и да не постои.”  „Ништо не докажува, тој што премногу докажува.“ (Латински поговорки) – Поткрепете ги Вашите зборови со докази, но не претерувајте.

„Еден грам на добар пример, вреди повеќе од килограм добри зборови.” – Вметнете примери во Вашиот говор.

„Говори само за тоа што ти е јасно, инаку молчи.” (Толстој) – Зборувајте само за работи кои ги знаете.

За крај, еве уште неколку важни совети: бидете свои – не имитирајте други, настапувајте самоуверно, почекајте малку пред да почнете да говорите, воспоставете контакт со очите со аудиториумот, започнете го говорот не гледајќи во белешките, повремено гледајте во концептот во текот на говорот, избегнувајте воздишки без смисла, водете сметка за соодветната говорнички пози, не заборавајте на гестикулацијата, направете впечаток дека уживате во тоа што го говорите, сокривајте ги и не нагласувајте ги своите грешки во говорот, користете ефектно припремени илустрации, говорете доволно гласно и по завршетокот на говорот самоуверено оддалечете се од говорницата.

И не заборавајте, пишаниот збор е фиксиран. Тој „не умее сам да се брани, тој е сенка на живиот збор”.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваProfilography техника | Пабло Гарсија
Следна објава10 х кафе
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР