Познатата серија, омилена на многу гледачи, Grey’s anatomy е препознатлива по убавите мисли на почетокот и крајот на секоја епизода. Ние ги одбравме според нас, најинтересните од последниве две сезони.

  • Очекуваните работи се само почеток. Неочекуваните се оние, кои го менуваат нашиот живот.

  • Сите велат дека смртта е најтешкото нешто во животот. Тешко е всушност да се збогуваме. Некогаш дури и невозможно. Никогаш не престануваме да чувствуваме празнина. Тоа е она што ги прави работите толку тешки. Ние оставаме делови од себе, зад себе… мали потсетници, големи спомени, фотографии и ситни работи по кои сме запаметени…дури и кога ќе не нема.

  • Една од работите која сите луѓе ја велат е дека не можеш да продолжиш напред, додека не се простиш од минатото. Оставањето е лесно, додека тргнувањето напред е тешко и болно. Па, понекогаш се бориме, трудиме и ги задржуваме работите исти како што биле, но всушност не се исти. Во одреден момент мора да се остави и продолжи понатаму, бидејќи колку и да е болно, е единствен начин да се живее.

  • Постојат моменти во нашите животи кога љубовта навистина ќе ги освои сите.

  • Што е полошо, нови рани кои се ужасно болни или стари рани кои со години не заздравеле? Можеби нашите стари лузни не учат нешто. Тие не потсетуваат каде сме биле и што сме постигнале. Мислиме дека не учат лекции за работи кои треба во иднина да ги одбегнуваме. Но, не е секогаш така, нели? Некои работи во животот мораме да ги учиме одново и одново и одново.

  • Понекогаш се’ се случува во еден миг. Ќе тргнеме, гледајќи напред. Гледаме пат и одиме по него. Дури и кога немаме идеја на каде всушност се движиме.

  • Сите ги слушаме предупредувањата, но ги игнорираме. Ја предизвикуваме среќата. Ги фрламе коцките. Играме со оган. Тоа е природата на човекот. Кога ќе ни кажат да не правиме нешто, обично ќе пробаме, зашто самите знаеме најдобро. Можеби затоа што длабоко во себе, самите си ја бараме бељата.

  • Можете да побарате совет од другите, да се опкружите со доверливи пријатели, но на крајот одлуката е секогаш ваша и само ваша. И кога е време да се дејствува, а вие сте сами, единствен глас кој е важен, е оној во вашата глава, оној кој ви кажува нешто што одамна сами го знаете. Оној кој речиси секогаш е во право.

  • Никој не избира да биде чудак. Многумина, не сфаќаат дека се чудаци, додека не е доцна да го променат тоа. Без разлика кога ќе се освестите, секогаш има некој за вас. Освен ако тие веќе не продолжиле напред… Затоа што кога станува збор за љубовта, дури и чудаците не можат да чекаат засекогаш.

  • Кога мислиме дека сме ги сфатиле работите, универзумот ни фрла вртена топка па, мора да импровизираме. Ја наоѓаме среќата во неочекуваните места. Го наоѓаме патот назад до работите кои ни се најважни. Универзумот си игра со нас, но на крај, секогаш завршуваме онаму каде што припаѓаме.

  • Планинарите секогаш се фотографираат на врвот на планината, насмеани, среќни и задоволни. Тие не се фотографиираат за време на искачувањето. Немилосрдното искачување, студот, болката и страдањето никој не сака да го памети, туку само погледот од врвот кој го одзема здивот. Тоа е чувството за кое вреди секоја болка, чувството за кое вреди да продолжиме нагоре. 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНоминации за Оскар 2013
Следна објаваУметност на создавањето | Црвен фустан
Вљубеник во уметноста и дизајнот, пружа несекојдневна и ретка презентација на истите. Носител на особена артистичка визија поткрепена со последните модни случувања, својата визуелна меморија успешно ја инкорпорира во светот на заборавените уметнички вредности. Подржувач и промотор на хуманоста, вешто ја унапредува како креативната, така и хуманата страна на животот.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР