После празниците, сигурно дома имате изобилство од празни шишиња и многу плутени тапи. Минатата недела Ви покажавме како да направите огласни табли од плутени тапи, а денес како да направите шишиња со натпис на нив. Не фрлајте ни едно шише, може да биде совршен декор за Вашиот дом.
Потребно:
- -празни шишиња;
- -пиштол за лепак;
- -боја по избор.
Изработката е брза и едноставна.
Чекор 1. Исчистете ги шишињата добро.
Чекор 2. Со пиштолот за лепак, пишувајте по шишињата, текст по Ваша желба. Топлиот лепак прави чуда.
Чекор 3. Почекајте да се излади и обојте го Вашето украсно шише во која боја сакате.
Откако бојата ќе се исуши, пронајдете му соодветно место на Вашето украсно шише.