Ако еден ден чувствуваш дека ти се плаче – побарај ме.
Не ти ветувам дека ќе те насмеам… но, ќе плачам со тебе.

Ако еден ден се најдеш во неволја – веднаш побарај ме.
Не ти ветувам дека ќе те одбранам од злото… но, заедно сме посилни.

Ако еден ден посакаш да избегаш – не се плаши да ме побараш.
Не ти ветувам дека ќе те спречам… но, ќе избегам со тебе.

Ако еден ден решиш да ги освоиш ѕвездите – не заборавај да ме побараш.
Ти ветувам дека ќе ти помогнам… најмалку што можам е да те охрабрам.

Ако еден ден не сакаш да зборуваш со никого – сепак, побарај ме.
Ти ветувам дека ќе бидам тука за тебе… и, ветувам дека ќе ја одржам тишината.

Но, ако еден ден ме побараш – и не ти одговорам… дојди да ме видиш.
Најверојатно ми требаш како најдобар пријател…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Украсно шише
Следна објаваУметност со скијачки чевли
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР