More е одличен анимиран краток филм на Марк Озборн кој сигурно ќе ве натера да размислите за начинот на кој што ги гледате нештата.  Филмот говори за среќата, здодевноста која ја создава секојдневието, нашата перцепција кон животот, успехот и сеќавањата.  Се работи за иноватор кој живее во безбоен свет. Од ден на ден тој се повеќе запаѓа во меланхолија и ја мрази својата досадна работа, а единствено во живот го одржуваат сеќавањата од детството. Една ноќ тој успева да создаде иновација која може да помогне да се оживеат тие сеќавања и повторно да се гледа светот низ детските очи. Така иноваторот успева да им овозможи на сите да ја вкусат радоста на погледот кон шареноликиот свет. Но, кога настапува успехот тој губи многу важен дел од себе си…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСтарецот и играта
Следна објаваПодземна уметност | Метрото во Стокхолм
Афирмацијата на уметничките вредности обелоденети преку седмата уметност е нејзин печат врз креативната страна на животот. Во чекор со последните ажурирања од својата област, внимателно ја унапредува уметноста. Суптилното комуницирање преку музиката и користењето на мултимедијалниот приказ на уметноста ја прават непоправлив оптимист и трагач кон суперлативот од светски убавини.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР