Паднатото лисје во прекрасни есенски бои го има насекаде надвор, а од нив можете да направите сад кој би бил одличен украс во вашиот дом.

Потребни ви се:
-суви листови во саканата форма и големина
-лак за коса или безбоен авто лак во спреј
-дрвофикс
-длабок сад
-балон
-четка

11

Најпрвин внимателно извадете ги гранчињата од листовите, од двете страни испрскајте ги со лак за коса или безбоен авто лак спреј. Одкако ќе се исушат, во мал сад измешајте дрвофикс и вода, а во поголем сад ставете надуван балон, намачкајте го и почнете полека да ги редите листовите, внимателно премачкувајќи ги со смесата од лепак и вода. Оставете еден ден да се исуши, по желба може и повторно да го испрскате со безбојниот авто лак, за дополнителен сјај и вашиот сад е подготвен за користење. За подолготрајно користење можете и да го направите истото од вештачки листови.

2

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗОИ 2014 | Пиктограми
Следна објаваЕдиторијал | Барок
Вљубеник во уметноста и дизајнот, пружа несекојдневна и ретка презентација на истите. Носител на особена артистичка визија поткрепена со последните модни случувања, својата визуелна меморија успешно ја инкорпорира во светот на заборавените уметнички вредности. Подржувач и промотор на хуманоста, вешто ја унапредува како креативната, така и хуманата страна на животот.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР