Човек стар 70 години кој целиот живот се занимавал со овчарство, добил пензија од државата како подарок, доволна за да преживува. Една новинарка на доделувањето го замолила да и раскаже еден дел од својот живот, кој нема никогаш да го заборави и кој ќе му остане засекогаш во сеќавање. Старецот ја започнал приказната:

Имав 20 години и наидов на куче во шумата. Го земав со себе и си го присвоив. Поминуваа месеци, а комшиите почнаа да ми зборуваат дека сè повеќе личи на волк и дека треба да се ослободам од него. Бев млад и не сакав никого да слушам, бевме многу приврзани, каде и да одев, одеше со мене и ме чекаше. И така поминуваа годините…
Еден ден прилегнав да се одморам, кога низ сон слушнав некаква бука, ржење и викање. Додека дојдов на себе и станав, се беше стишило. Излегов надвор и го видов целото стадо овци заклано, а волкот цел во крв седи и гледа право кон мене, малку од страв малку од бес. Се стрчав во куќата, ја зедов пушката и го убив тука на лице место. Не знаев што да правам со овците па ги викнав комшиите да ги однесат додека месото не се расипало и усмрдело. Како што ги собираа овците, меѓу нив пронајдоа три заклани возрасни волци. Дури тогаш сфатив што направив…

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР