Да се биде единец… значи можност целиот живот да останете дете, во онаа мера до колку што звучи заштитнички и сипматично.

Да се биде единец… значи оправдување за стекнувањето имагинарни пријатели (кои понекогаш имаат свои пријатели) – тоа што на околината делува како да раговарате сами со себе, всушност подоцна се исплати како вежба за стекнување на оние вистинските пријатели во животот.

Да се биде единец… значи дека секогаш сте во право кога барате нешто од Вашите родители, независно дали се работи за нова играчка, нов iPad или нов автомобил. Вие сте им се на светот, секако дека ќе направат се за да Ве задоволат.

Да се биде единец… значи да се надмине очекувањето секогаш да сте центар на внимание. Да речеме, се наоѓате на куќна слава кај баба и дедо; и, некако, не Ви одзема премногу напор сите очи да бидат вперени во Вас и Вашите достигнувања. Баш напротив, сами ќе се потрудите да излезете од таквата ситуација.

Да се биде единец… значи да се поседува автономија врз детската соба, дворот, фрижидерот… целата куќа!

Да се биде единец… значи да се застане рамо до рамо со Френклин Рузвелт, Френк Синатра, Луис Амстронг, Елвис Присли – како едно дете во семејството.

Да се биде единец… значи да се има пример како НЕ ТРЕБА да се однесувате. Доволни се два збора: „Сам дома“.

Да се биде единец… значи да се размислува за најдобрите пријатели во смисла на брат/сестра. Оној однос кој Вие го развивате со Вашите пријатели е еднакво свет како семејната заедница. И покрај Вашата егоцентричност, не изостанувате во поглед на лојалноста и довербата.

Да се биде единец… значи од мала возраст дефакто инволвирање во светот на возрасните. И покрај спротивното мнение дека семејствата со едно дете, всушност, никогаш не дозволуваат истото да созрее; факт е дека нивниот интелектуален раст никогаш не се споредува со останатите.

Да се биде единец… значи да не бидете набљубувани онолку чудно колку близнаците. Или тројките или…

Да се биде единец… значи во секое време да бидете подготвени на најдобриот комплимент – „воопшто не делувате како едно дете“, односно на најлошата критика – „тоа објаснува многу работи…“. Вистината е таа.

Да се биде единец… значи да се живее во надеж дека Вашите родители еден ден ќе Ви подарат нов најдобар пријател…

Погледнете и: Да се има сестра… и Да се има брат…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваFoo Fighters на пауза!
Следна објаваСтивен Џонсон | Од каде доаѓаат добрите идеи?
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР