Велат, оној кој не може да сфати дека сме способни да ја сакаме сопствената сестра со силата на сопственото битие и истовремено да сакаме да и забодеме нож во вратот; најверојатно е едно дете во семејството. За оние останатите, еве што значи да се има сестра – повеќе или помалку сериозно, да се има сестра значи Божји благослов. Или пак, проклетство?
Проценете сами.

Да се има сестра… значи да се има гаранција дека една песна ќе Ви ги реши проблемите со поистоветување и смеа.

Да се има сестра… значи да се има 100% помош за на училиште или факултет, колку и да е тешко.

Да се има сестра… значи никогаш да не се откажуваме од целите. На пример, слабеењето е многу полесно кога се има адекватна поддршка и заедничка цел, нели?

Да се има сестра… значи колку и да е луда, откачена или безгрижна – секогаш ќе се грижи за Вас.

Да се има сестра… значи квалитетно искористување на времето: некогаш тоа е гледање серија, некогаш шопинг, некогаш продуктивен разговор за наука, книги, факти.

Да се има сестра… значи да се има бесплатен психијатар. Кој Ве познава како себеси самиот.

Да се има сестра… значи да се биде секогаш подложен на пофалба и критика – цело време. Некогаш тоа е зголемена самодоверба, некогаш зголемен бес. Сеедно, на крајот од денот, сестра Ви повторно Ви е сестра.

Да се има сестра… значи да се има потсетник колку вредите и колку можете. Истовремено, да се има коректор до каде смеете да одите.

Да се има сестра… значи да се заштедат пари од типот „плати едно, земи две“ или пак попуст при фитнес часови или часови по италијански јазик.

Да се има сестра… значи да се има сојузник пред родителите: две глави се посилни од неа, а дозволата за излегување до 3 часот наутро и не се чини така недостижно.

Да се има сестра… значи советник кој Ви мисли добро, а кој лошо; кое момче Ви одговара, а кое Ви го уништува угледот. Кое однесување каде е прикладно, што каде да се каже. И треба да изгледате за да го оставите вистинскиот впечаток.

Да се има сестра… значи да се знае дека животот е премногу краток за да се фокусирате на секое камче кое може да Ве сопне или да не успеете да ја видите целата претстава поради нечија голема глава.

Да се има сестра… значи во секое време да се има друштво за кафе, цигара или коктел. Се е забавно кога се прави во дует – па дури и озборувањето!

Да се има сестра… значи да се има ветување од Бога дека никогаш нема да останете сами на овој свет…

*Погледнете и: Да се има брат…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на ден | Бегство од секојдневието
Следна објаваПодводен ноќен клуб
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР